1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Белорусија: Избори со однапред познат резултат

На денешните претседателски избори во Белорусија набљудувачите очекуваат да биде потврден четвртиот мандат на Александар Лукашенко . Против него но во нерамноправни услови настапуваат девет кандидати, велат експертите.

default

Лукашенко владее со „железна рака“ од 1994 година

Толку многу претседателски кандидати досега немало во Белорусија. Против актуелниот шеф на државата настапуваат девет каднидати на опозицијата. На последните избори во март 2006 година имаше четворица кандидати. Непосредно пред тие избори властите упасија голем број опозиционери и со тоа беа под голем притисок. Пред денешниве избори меѓутоа нема информации дека имало апсења. Сепак повеќето опозициски кандидати се жалат дека условите за нивната кандидатура биле нефер, пред се’ односот на медиумите кон нив.

За Лукашенко телевизија за противкандидатите радио

На програмите доминираше Лукашенко, додека на опозиционите кандидати за претседател им беше овозможен по еден 30 минутен телевизиски и настап на радиото. Со овие настапи ним не им успеа да ја зголемат својата популарност, смета белорускиот филмски работник Јуриј Кашчеватскиј.

NO FLASH Wahl Wahlen Weißrussland Belarus Plakate aushänge Poster Mann

„Можностите беа минимални. Беа ставени пред камера и едноставно требаше да зборуваат 30 минути. Би сакал да видам како тоа ќе им успее и на најдобрите дрдорковци. Тоа е тешко. Пред се’ ако се земе предвид дека по последните избори пред речиси пет години ниту еден опозиционер немаше можност да излезе на телевизија. Државното раководство е лицемерно кога вели дека овозможиле кадидатите да имаат услови. Со вакви настапи можат само да доживеат неуспех.“

Актуелниот претседател Лукашенко не го искористи своето право, како и другите кандидати да им се обрати на избирачите преку радиото и телевизијата.

Неединство на демократската опозиција

Политикологот Валариј Карабалевич смета дека не може да стане збор за слободни избори. Многу повеќе станува збор за тоа со ваквата политичка кампања да се обезбеди четвртиот мандат за Лукашенко.

„Лукашенко успеа да создаде атомосфера, избирачите да сметаат дека резултатот однапред е познат. Ако нема реални избори, тогаш сите телевизиски настапи се само шоу. Од овој агол треба да се оценуваат настапите на кандидатите.“ Карабалевич дополнува дека е невозможно со получасовна телевизиска и радио емисија да се мобилизира избирачите во корист на опозицијата.

Меѓутоа и во демократски ориентираниот табор владее неединсво, тоа го покажува големиот број кандидати, смета белорускиот политиколог Шефцов. Дали по денешните избори ќе има протсети против евентуално фалсификување на изборите, како што тоа беше случај во 2006 година, ќе зависи токму од одлучните настапи на опозиционите кандидати.

Автор: Маркиан Остапчук/ Александра Трајковска

Редактор: Симе Недевски