1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Белград разочаран, Приштина задоволна

Специјалниот пратеник на ОН , Марти Ахтисари во Советот за безбедност официјално предложи надгледувана независност за Косово . Ги бележиме реакциите во Белград и Приштина

Марти Ахтисари

Марти Ахтисари

На содржината на конечниот план на Марти Ахтисари за статусот на Косово прв од највисокото раководство на Србија реагираше претседателот на државата Борис тадиќ. Тој изрази несогласување со решението за “надгледувана” независност на Косово што го понуди специјалниот партеник на ОН.

Тадиќ истакна дека за Србија е неприфатлив каков било облик на независност на Косово и од оваа земја ќе настојува во контактите со земјите членки на Советот за безбедност да ја изрази потребата од компромисно решение до кое треба да се дојде со продолжување на преговорите .

Во Белград незадоволство и од ставот на САД

Српскиот претседател претходно во телефонски разговори со американскиот државен потсекретар Николас Бернс изрази несогласување со одлуката на Вашингтон да го подржи планот на Марти Ахтисари .

Претседателката на координативниот центар на српската влада за Косово и Метохија , Санда Рашковиќ Ивиќ истакна дека САД за првпат јавно застанале зад независноста на Косово а со тоа и зад прекршувањето на меѓународното право. Според Рашковиќ Ивиќ со независноста на покраината ќе се отвори нестабилност и надвор од регионот на југоисточна Европа . Таа исто како и претседателот Тадиќ најави дипломатска офанзива за натамошно продолжување на преговорите.

И за Србите на Косово предлогот на Ахтисари е неприфатлив. Членот на преговарачкиот тим на Белград од Косово Горан Боггдановиќ реагираше: Мислам дека е голема грешка , бидејќи нам на Балканот ни се доволно војни и судири и се плашам дека ваквата независност што ја предлага Ахтисари и што за жал ја подржуваат многу земји од меѓународната заедница , може да предизвика нестабилност на Балканот и да има несогледливи последици.

Задоволство во официјална Приштина

Доставувањето на планот на Марти Ахтисари за идниот статус на Косово во Советот за безбедност во Приштина е дочекано како историски настан . Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу изрази задоволство од предлогот на специјалниот пратеник:

“Независноста на Косово која на почеток ќе биде меѓународно надгледувана ќе биде во служба на мирот, стабилноста и и просперитетот, бидејќи успешно се решава и последното нерешено прашање во југоисточна Европа.”

Косовскиот премиер Агим Чеку се надева дека меѓународната заедница ќе го прифати предлогот на Ахтисари без одолговлекување. Во редовното неделно обраќање до граѓаните на Косово Чеку истакна дека прифаќањето на планот на Ахтисари би водели кон мир и стабилност во регионот:

Очекувам дека и оние што се колебаа и оние што му се спротиставуваа на предлогот сфатија дека процесот кој го води Ахтисари иако можеби не е најдобар но е единствената реална опција единствениото практично решение” – рече Чеку

Тој денеска во интервју за агенцијата Асошиејтед Прес истакна дека има намера да ги убеди косовските Срби да го прифатат планот на Ахтисари и да прекинат со бојоотот на косовските институции .

Со решенијата што ги нуди планот на Ахтисари косовските Срби ќе ги имаат сите неопходни сретства за достоинствен и просперитетен живот- истакна Чеку .