1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Белград предлага пет теми за директни преговори со Приштина

*

Лидерите на косовските Албанци денеска во Лондон ќе се сретнат со меѓународните претставници за да го презентираат својот став за идниот статус на Косово. Нема алтернатива за независноста и сметам дека тој процес ќе се заврши наскоро, изјави косовскиот претседател Сејдију пред денешните преговори. Меѓународните претсатвници вчера се сретнаа и со српскиот преговарачки тим синоќа. Српската страна од своја страна предложи пет теми на за директни преговори меѓу Белград и Приштина, соопшти српскиот министер за Косово и Метохија Слободан Самарџиќ. Меѓу нив се постигнување меѓународен договор за идниот статус на Косово како и конкурентна поделба на надлежностите меѓу Србија и Косово. Предложено е да се разговара и за економските прашања. Директните преговори се закажани за 28 септември во Њујорк.