1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Белград „крева раце“ од избори на Косово?

„Новости“: Белград ќе се откаже од локалните избори на Косово, бидејќи безбедносните ризици без поддршка од УНМИК и со противење на Приштина и голем дел од меѓународната заедница се преголеми.

Весникот „Вечерње новости“, повикувајќи се на анонимни извори,наведува дека без логистичка поддршка од Мисијата на Обединетите нации е невозможно да се организираат избори во општините јужно од Ибар, како и дека постои можност од инциденти во северниот дел.

„Новости“ во денешното издание, исто така наведува дека според оценката на Белград инсистирањето на локални избори ќе го загрози изјаснуавњето на граѓаните на Косово за парламентот на републиката, на што меѓународните сили дадоа „зелено светло“.

Српскиот министер за Косово, Горан Богдановиќ, изјави дека владата е во контакт со УНМИК и ЕУЛЕКС со цел да се разгледаат сите детали околу спроведувањето на парламентарните избори.

„УНМИК јасно стави во знаење дека не може да учествува во локалните избори. Нивното одржување е во согласност со Уставот и законите, но мора да се земе во предвид и специфичноста на ситуацијата на терен и сите околности кои не се во наша корист“, изјави Богданoвиќ за „Новости“.

Весникот наведува дека континуитетот на локалните власти во општините во северниот дел на Косово, Белград ќе го обезбеди со привремени управи, односно, ќе бидат именувани функционери од страна на новата влада, во согласност со Законот за локална самоуправа и тие ќе ги извршуваат функциите до создавање на услови за организирање на избори.