1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Белград и Приштина пред конечен договор

Договорот меѓу Белград и Приштина би можел да биде постигнат во следните денови, оценува српскиот претседател Томислав Николиќ. Тој тврди дека дошло до „попуштање на косовската страна“.

По консултациите на државниот врв на Србија со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон, српската страна тврди дека „можат со оптимизам да се очекуваат следните денови“.

„Дојде до попуштање на албанската страна, која најпрво говореше дека ништо не може да се смени во нивниот Устав и законите. Денес е веќе евидентно дека тие мораат да водат сметка за граѓаните кои живеат во Косово и Метохија и кои не смеат да бидат заложници на амбициите на политичарите од Приштина, туку мора да им се обезбеди подобар живот“, изјави српскиот претседател Томислав Николиќ.

Промена на законите во Белград и Приштина

Во текот на двоиполчасовната вечера на српскиот државен врв, претседателот Николиќ, премиерот Ивица Дачиќ и вицепремиерот Александар Вучиќ со Ештон било разговарано за напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина и за потребата да се затворат одредени поглавја, како на пример она за северот на Косово.

„Зборувавме за тоа што може да биде веднаш сменето, а за што е потребна промена на законите кои се донесени во Приштина и во Белград. Мислам дека Ештон во разговорите во Приштина ќе го има единствениот став на Србија - што Србија може да прифати, а што никогаш нема да биде прифатено“, рече Николиќ.

Посебни права за српската заедница

„Ја уверивме Ештон дека Србија е приврзана за членството, дека ќе стори многу

Kosovo Konferenz Wien

Косовскиот премиер Хашим Тачи

нешта кои не беа ниту замисливи до пред неколку месеци, но остануваме на она што го говориме со години, а тоа дека никогаш нема да ја признаеме независноста на Косово“.

Што се однесува до надлежностите на српската заедница на Косово, Николиќ потврди дека таа нема да може да носи закони, но ќе може да „носи свои правила во рамки на законите“.

„Српската заедница за првпат ќе има заштита, за првпат ќе има договор под покровителство на ЕУ, свое правосудство, а притоа ќе биде поврзана со Приштина, која е според нас, дел од Република Србија, за што ќе донесеме и посебен уставен закон“.

Српскиот претседател вели дека очекува „уште малку преговори со ЕУ“ и потпишување на договорот во следните денови.