Белград и Приштина во дипломатска офанзива за Косово | Вести | DW | 05.07.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Белград и Приштина во дипломатска офанзива за Косово

*

На тема Косово попладнево во Берлин разговараат српскиот и германскиот министер за надворешни Вук Јеремич и Франк Валтер Штајнмаер. Од утре и Приштина започнува дипломатска кампања за статусот на покраината. Берлин е првата станица на членовите на косовскиот преговарачки тим. Целта е да се забрза процесот на донесување нова резолуција за статусот на Косово во ОН. Во делегацијата ќе бидат косовскиот претседател Фатмир Сејдиу и лидерот на опозицијата Хашим Тачи, и нив ќе ги прими шефот на германската диплиматија Штајнамер. Следната недела делегацијата ќе оди во Брисел каде Сејдиу и косовскиот премиер Агим Чеку ќе имаат средба со евродипломатот Хавиер Солана.