1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Белград го осудува ставот на Скопје и Тирана за Косово

Официјален Белград го осуди ставот на Македонија и Албанија за поддршка на планот на специјалниот преставник на ОН Марти Ахтисари за идниот статус на Косово. Министерството за надворешни работи на Србија соопшти дека изјавите на шефовите на дипломатиите на двете земји, Антонио Милошовски и Љуљзим Баша, за време на разговорите во Скопје го прејудицираат конечниот статус на покраината и може да предизвикаат дестабилизација на регионот и уривање на основните принципи на меѓународниот поредок.