1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Белград бара воздржаност и непристрасност во однос на Косово

*

Српската влада денеска ги повика САД на целосна воздржаност и непристрасност во текот на решавањето на косовското прашање. Министерот за образование Зоран Лончар изјави дека Вашингтон се обидува да го оживее планот на пратеникот на ОН, Марти Ахтисари, кој е дефинитивно отфрлен од Србија и Русија. Портпаролот на Стејт Департментот Том Кејси синоќа изјави дека САД верува оти формулата на надгледувана независност е „патот напред за Косово“. Во Лондон утре ќе се одржи состанок на Контакт групата и тројката за Косово, на која ќе се разгледува понатамошниот процес на разрешување на ова прашање.