1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Белгијците бараат луксембуршки пасоши

Белгијците од селото Барнише, регион што порано со векови му припаѓал на Луксембург, сега бараат да станат државјани на оваа мала држава. Доколку Белгија некогаш се распадне, Луксембург ќе стане нивната нова татковина.

alt anblick baum capital euromünzen europa flagge fluß grün herbst houses luxemburg stadt siegen wasser Land Luxemburg URL http://de.fotolia.com/id/4524107 majkh - Fotolia.com

Луксембург, новата татковина за Белгијците

Жорж Медингер од Арлон речиси секојдневно оди во архивата на општината. Овде се архивирани сите раѓања, венчавки и умирања во последните двесте години. Жорж Медингер ги истражува луксембуршките корени за своите сограѓани, но и за себе лично. Врз основа на тоа секој од тие белгиски државјани може да побара и луксембуршки пасош: „Мојот дедо, на пример, е роден во 1876 година во Луксембург и се оженил со баба ми во 1902 година. Значи, во оваа архива морам да го пронајдам изводот од матичната книга на венчаните“, вели Медингер.

И пра-пра-прадедото на семејството Бијер бил Луксембуржанец. Тоа го потврдува и неговата крштеница на германски јазик. Тие можеле да ги најдат семејните документи, бидејќи баба му го чувала изводот на родените и посмртницата. Сега поднеле барања за пасоши во Луксембург, бидејќи кризата во Белгија финансиски многу ги погодува, вели Паскал Бијер: „Во последниве 30 години, колку што излегувам на избори, гласав за сите партии што постојат. Но, во Белгија никогаш ништо не се менува.“-„Наскоро се селиме во Луксембург, па ќе почнам да учам луксембуршки“, објаснува Едуард Бијер.

Луксембуржаните гледаат со измешани чувства кон нивните нови сограѓани

Pascal Beyaert, Belgier wollen Luxemburger Pass Foto: Joanna Impey, DW, 25.05.2011, Arlon, Belgien; Die Fotografin ist Mitarbeiterin der DW, so dass alle Rechte bereits geklärt sind

Паскал Бијер доби нов пасош

Државјаните на Луксембург гледаат со измешани чувства на ненадејно разбудената љубов на нивните белгиски соседи:-„Тие имаат проблеми ми се чини со нивната влада. Освен тоа, во Белгија даноците се повисоки, нели? Значително повисоки. Овде е сепак малку подобро“, вели еден маж. -„Ние сите сме космополити - Белгијците, Луксембуржаните. Убаво живееме заедно. Мислам дека никој овде во Луксембург нема страв од тоа“, вели една жена. -„Луксембуршкиот јазик изумира. Овде во Луксембург скоро никој повеќе не зборува луксембуршки, скоро насекаде се слуша само француски.“

Луксембуршкиот министер за правда се радува поради новите државјанства и радо ги потпишува новите уверенија за државјанството: „Мислам дека е добро кога странски државјанин, на пример, од Белгија, не гледа на Луксембург само како на место каде што заработува пари за да подоцна се врати во својата земја, туку како на земја каде се и неговите корени.”

Нова татковина се наоѓа на сончевата страна на границата

Belgian member of the French Liberal Party Jacqueline Galant, left, walks out in protest with other French speaking members during a meeting of the interior commission at the Belgian Parliament in Brussels, Wednesday, Nov. 7, 2007. Five months after elections, government negotiations to reform power-sharing between Belgium's 6 million Dutch-speaking Flamards and 4.5 million French-speaking Walloons collapsed on Wednesday, throwing the nation further into political crisis. French-speaking parties walked out of a parliamentary vote on the linguistic carve-up of an electoral district in and around Brussels, arguing it was an unacceptable unilateral Flemish move. (AP Photo/Virginia Mayo)

Парламентарците во Брисел не можат да се договорат околу формирањето на нова влада во земјата

Тука се и корените на Паскал Бајар. Уште една, последна проверка на податоците, и тој ќе го добие својот нов луксембуршки пасош: „Никој не знае уште колку ќе постои Белгија. А јас, јас сум сега Луксембуржанец и што е најдоброто од се´, тоа и ќе останам!“

Неговата нова татковина се наоѓа на сончевата страна на границата. А од другата страна, во белгиското место Барниш се´ уште трае пробата на црковниот хор. На членовите на хорот не би им пречело нивното село повторно да биде дел од Големото војводство. И затоа пејат: „Света Маријо, сите ние во Луксембург се предаваме во твоите раце.”

Автор: Катрин Матај / Светлана Брик

Редактор: Борис Георгиевски