1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Белгија потресена од трагедијата во Швајцарија

Премиерот Елио Ди Рупо говореше за трагичен ден за неговата земја, откако Белгијците се соочија со вестите за катастрофалната сообраќајна незгода во Швајцарија во која загина 22 деца од Белгија.

default

Остатоците од автобусот по трагичната несреќа во Швајцарија

Белгија е тешко потресена од трагедијата што се случи во Швајцарија, каде во автобуска несреќа загинаа најмалку 28 лица меѓу нив 22 деца а уште 24 се повредени. Сите радио и телевизиски станици без престан известуваат за страотната несреќа која се случи откако автобусот кој превезувал деца од Белгија удрил во ѕид на тунелот во швајцарскиот кантон Валис. Двајцата возачи на автобусот истотака загинале. Еден од нив од засега непознати причини изгубил контрола над автобусот и удрил во ѕидот на тунелот, соопшти швајцарската полиција.

Белгиските власти ставија на располагање два воени авиони на членовите на семејствата на настраданите кои сакаа да заминат на местото на трагедијата а белгискиот премиер Елио ди Рупо и самиот најави дека заминува на местото на незгодата откако порача дека овој ден е трагичен ден за Белгија.

Busunglück Schweiz Sierre

Спасувачите пред тунелот кај местото Сијер каде што се случи трагедијата

Министерот за надворешни работи Дидие Рајндерс изјави дека е потресен од трагедијата и истакна дека засега нема објаснување за сударот на белгискиот автобус во тунелот кај местото Сијер во Швајцарија. „Ова е шок за целата нација и многу трагичен момент пред се’ се разбира за жртвите и нивните семејства меѓутоа ова е извонредно тежок момент за целата нација“, рече Рајндерс. Членовите на владата, политичарите, кралското семејство и низа познати личности во Белгија им изразија најдлабоко сочувство на семејствата на жртвите подвлекувајќи дека ова е ден на „тага и на жалост за Белгија“. Пратениците во Европскиот парламент со минута молчење им оддадоа почит на загинатите во катастрофаланата сообраќајна незгода во Швајцарија.

Автор:СН/ЖА/дв/дпа/ртр

Редактор: Ж. Ацеска