1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Белгија: Помалку барања за азил од Македонија

Минатиот месец азил во Белгија побарале 36 лица од Македонија, што е двојно помалку од септември, информираат од македонската амбасада во Кралството Белгија.

default

Според министерот за надворешни работи Никола Поповски, намалениот број на азиланти е резултат на работата на македонската Влада која постојано употребувала рестриктивни и превентивни мерки со цел да влијае на состојбата.


„ Вложуваме напори за подобрување на условите за живот во деловите од каде потекнуваат најголемиот број баратели на азил. Работиме и на информираноста за бенифитите од визната либерализација која во никој случај нема да дозволиме да биде компромитирана. Ангажирани сме и на дијалог со земјите членки кои се погодени од појавата на баратели на лажен азил“ , вели министерот Поповски.


Минатата недела белгиските власти објавија одредени промени за барањето азил. Тие предвидуваат ограничување до шест месеци на рокот за изјаснување по барањето за обезбедување статус на бегалец. Воедно повеќе нема да биде толерирано поднесување повеќе од едно барање со што бегалците го продолжуваа престојот во земјата со очекувањето на одлуката на секое од поднесените барања, имигрантите со малолетни деца нема да можат да бидат задржувани во центрите за привремено сместување, а доброволното напуштање на земјата на илегалните имигранти нема да биде единствената можност за тие да бидат вратени од Белгија.

Автор:СН/АТ/миа

Редактор: Александра Трајковска