1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Белгија не дава политички азил на економски бегалци

Жителите од Липково не можат да добијат азил на економска основа, ниту пак вработување и сместување во Белгија, соопшти белгискиот државен секретар за азил и имиграција Мелкиор Ватле во Липково.

default

Мелкиор Ватле денеска го посети кумановско-липкивскиот регион

Мелкиор Ватле во Липково апелираше до надлежните македонски институции преку разни проекти да вложат во економскиот развој на овие села. Ватле изрази жалење што луѓето биле жртви на манипулација и што биле изложени на дополнителни трошоци за патување, а сепак ќе мора да се вратат во матичната држава, затоа што во Белгија не може да ги остварат социјалните права.

Вчера, во Скопје, белгискиот премиер Ив Летерм испрати силна и јасна порака дека Белгија нема да ги прима бегалците од Македонија. Мал инцидент во билатералните односи меѓу Македонија и Белгија, гласи оценката на Летерм за бранот македонски азиланти во Брисел, дадена доцна синоќа (08.03.2010) во Скопје. На средбата со неговиот македонски колега, тој побара властите да го запрат трендот на миграција.

„Мојата порака е дека информациите коишто се шират во северните делови од оваа земја за белгиската миграциона политика се целосно неточни. Мојата земја не дава политички азил на економски бегалци, па затоа нема никаква смисла да се патува од Македонија во Белгија, за да се бара статус на политички бегалец“, изјави Летерм.

Премиерот Груевски го уверуваше гостинот од Брисел дека македонската влада прави се за да ја спречи појавата која ја вознемирува Унијата.

„Министерството за внатрешни работи започна проверки за евентуална вмешаност на туристички агенции и поединци кои ги доведуваат граѓаните во заблуда поради

Albanien Asylsuchende

Барателите на азил да не бидат доведувани во заблуда, порача македонскиот премиер Груевски

лична корист. Владата, исто така, преку своите министри настапи во медиумите, објаснувајќи ги вредностите, но и обврските од визната либерализација како и тоа дека визната либерализација не значи добивање азил“, рече Никола Груевски.

Стручњаците не очекуваат повторно воведување визи за македонските граѓани

Ескепртите посетата на Летерм ја толкуваат како јасна порака дека Европа бара од Македонија самата да се справи со бранот на миграција. Трпе Стојановски од Меѓународната организација за миграција и азил, за Дојче веле изјави:

„Се очекува властите во Македонија и сите фактори да влијаат Македонија да биде партнер на европските вредности, а не предизвикувач. Проблемот е поширок, социолошки, економски и не е можно да се неутрализира со апели.“

Опозицијата критикува дека македонските граѓани си заминуваат од татковината поради лошата економска состојба. Виктор Димовски од СДСМ за ДВ изјави:

Neuer belgischer Regierungschefs Yves Leterme

Ив Летерм со јасна порака до македонските власти

„Владата да преземе ургентни чекори да се спречи злоуопотреба на визната либерализација и да не се повторат грдите слики и понижувања на нашите граѓани во европските престолнини.“

Демографите сметаат дека македонската имиграција не е закана за Европа

„Според сите нејзини демографски карактеристики, Македонија не се разликува од многу европски земји“, изјави за Дојче веле професорот на Економскиот факултет во Скопје Славе Ристевски.

Белгија е иден претседавач со Унијата. Очекува од Македонија напор за решавање на спорот за името за брз прием на земјата во евроатланските структури. Официјално Скопје, пак, се надева дека за време на белгиското претседателство, во втората половина на 2010, Македонија ќе биде во фаза на преговори со Унијата.

Автор: Горан Петрески

Редактор Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM