1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Белгија го бара лидерот на т.н. АНА

Беќири планирал и организирал напади во Македонија и Косово, меѓу кои и експлозиите на бомби пред Судот во Струга и на железничкиот мост во Косовска Митровица.

default

Лидерот на Партијата за национално единство и поранешен политички секретар на таканаречената АНА Идајет Беќири, кој се наоѓа во притвор во Призрен, најверојатно ќе биде екстрадиран во Белгија, јавуваат косовските медиуми.

Тој беше упасен на преминот Врмица, на границата со Албанија по меѓународна потерница од Белгија, каде е осуден на четиригодишна затворска казна поради тероризам. Според белгиското обвинителството, Беќири планирал и организирал напади во Македонија и Косово, меѓу кои и експлозиите на бомби пред Судот во Струга и на железничкиот мост во Косовска Митровица.

Адвокатот на Беќири, Ѓуран Дема поднел жалба на барањето за екстрадиција затоа што, според него, неговиот клиент не може да биде есктрадиран во Белгија, бидејќи во Албанија бил прогласен за невин по истото обвинение за кое судот во белгискиот град Намур, во отсуство, во почетокот на јуни 2010-та година му изрекол четиригодишна затворска казна и издал потерница.

Шеесет и едно годишниот Беќири, со семејството од 1997-ма до 2003-та година уживал статус на политички бегалец во Белгија. Од 2006-та живее во Тирана, каде има адвокатска канцеларија и е претседател на Адвокатската комора на Албанија.