1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Белгискиот крал Алберт Втори го напушта престолот

Одлуката се очекува да биде официјализирана на 21 јули, денот на белгискиот национален празник. Престолот ќе го преземе неговиот најстар син Филип

Во соопштението на кралската палата се наведува дека 79-годишниот крал ќе му се обрати на населението преку водечките телевизиски и радио станици вечерва (03.07.2013).

По обраќањето на кралот се очекува соопштение од премиерот Елио Ди Рупо.

Кралот Алберт Втори (на фотографијата со синот Филип) е со нарушено здравје, а во август годинава требаше да прослави 20. годишнината од владеењето. Неговиот најстар син, престолонаследникот Филип има 53 години.

Со абдицирањето Алберт Втори ќе биде првиот крал во историјата на Белгија кој своеволно го напуштил престолот.

Надлежностите на кралот се многу ограничени, но Алберт Втори сепак имаше централна улога како посредник за време на долгата политичка криза во земјата во периодот 2010- 2011 година.

Гласините за абдицирањето на Алберт се засилија во јануари годинава откако холандската кралица Беатрикс најави дека се повлекува од престолот по 33 години владеење. Неа на 30. април годинава ја замени нејзиниот син Вилјем Александер.