1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бела куќа: Асад е тиранин и убиец

САД го заострија тонот кон сирискиот претседател Башар ал-Асад. Тој ќе влезе во историјата како брутален тиранин и убиец на сопствениот народ, изјави портпаролот на Белата куќа.

Истовремено портпаролот Џеј Карни на пресконференцијата во Вашингтон, побара од високите политичари и војската во Дамаск да се „пресметаат со Асад“ и да се „стават на страната на народот“.

Денеска (11.07) специјалниот пратеник на ОН и на Арапската лига за Сирија, Кофи Анан, ќе му поднесе извештај на Советот за безбедност на ОН за последните напори во решавањето на сирискиот конфликт. Во нивни рамки Анан го посети вчера и Иран, што не наиде на одобрување во САД.

Pressesprecher des Weißen Hauses Jay Carney

Џеј Карни

Русија пак поднесе до Советот за безбедност на ОН нацрт-резолуција за Сирија со која се предвидува набљудувачката мисија чиј мандат истекува на 20. јули, да остане во таа држава уште три месеци.

Спроед Александар Панкин, заменик постојан претставник на Русија во ОН, нацрт-резолуцијата е „целосно неконфронтациска“.

Главната намера е поддршка на напорите на специјалниот пратеник на ОН и Арапската лига, Кофи Анан.

Анонимен дипломат од ОН изјави за американски медиуми, дека руската нацрт-резолуција ги вклучува препораките на генералниот секретар на ОН за дислоцирање на мисијата од провинција во главниот град и фокусирање на политички дијалог. Тој додаде дека рускиот предлог треба да биде комбиниран со притисок врз страните во конфликтот да прекинат со насилствата.