1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

„Бела вечера“ во Хамбург

Илјадници весели луѓе на т.н. „Бела вечера" во Хамбург. Тука по третпат се одржа пикникот на отворено. Елегантната облека е задолжителна и таа мора да биде пред се’ бела.

Во Хамбург се собраа многу љубители на „Белата вечера“.

„Ова го купивме минатата година во Банкок за мојата свадба. Но, не најдов нeкој кој би сакал да се ожени со мене и никогаш не го носев. Јас мислев дека за ваква пригода може да се носи и бел гулаб“, вели една посетителка.

Секој си носи со себе своја храна и свои пијалоци. На „Белата вечера“ посебно внимание се обрнува на модните додатоци.

„Јас се обидов нешто да подобрам во деталите. На пример, го сменив ремчето од часовникот, специјално за денеска, а носам и бела белегзија“, објаснува постара госпоѓа.

Маркус доаѓа од Минхен и првпат е тука. Неговата облека може да се опише како нешто на што човек треба да се навикне...

„Решавачко беше кога во гардеробата ме сретна еден човек и ме праша дали ќе одам на ’Белата вечера’. Јас реков да, значи сфати“, вели тој.

Louvre Museum Dinner in weiß Weißes Dinner Frankreich Paris Flash-Galerie

Учесниците на Белата вечера мораат да бидат облечени во бело, а деталите притоа играат голема улога

5.000 учесници на „Белата вечера“ се најдоа меѓу себе на социјалните мрежи. За пикникот на отворено некои подготвуваат исто така нешто нешто необично.

„Мора да се погоди точното место и да се повлече нагоре плутата, и потоа може шампањот да се тура без притоа да постои опасност во него да има парчиња стакло“, објаснува еден човек како да се отвори шише шампањско.

Оваа „Бела вечера“ беше измислена во Париз. Наводно таа се случила, бидејќи една забава во градина во Париз била преголема и затоа морало да биде пренесена во парк.

BdT Frankreich Dinner in Weiß am place de la Concorde in Paris

„Белата вечера“ беше „измислена“ во Париз во 2009. година

„Се надеваме дека ова ќе биде земено како пример и ќе се одржи и следната година. Ние ќе разгледаме наоколу и ќе земеме некои работи како пример и следната година ќе ги копираме“, вели една посетителка.

Расположението во текот на вечерта е совршено. Тоа секако ја радува организаторката, која веќе прави планови за следната година.

„Ова треба секоја година да биде вистински на друго место. А, Хамбург има многу да понуди - ливадите Алстер, плажата на Елба, плоштадот пред Градскиот совет. Има убави места во различни делови од градот. Она што ми се допаѓа е што многумина се јавија и дадоа предлози, а тоа некако ми покажува дека многумина би сакале да се тука. Тоа ми се допаѓа“, истакнува Манон Дункел.

Љубители на стилски вечери во бела боја постојат во меѓувреме не само во Хамбург, туку и низ целиот свет.