1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

„Белата чума“ и‘ се заканува на Македонија

Стагнацијата на природниот прираст, зафаќа речиси една третина од Македонија, особено во Битолско, Беровско, Кратово, Прилеп, Гевгелија, вели за ДВ, директорката на Државниот завод за статистика, Благица Новковска

default

Македонија старее и спаѓа во европските земји со надпросечна старост од 15,5 насто со жители над 65 години

И следниот попис во април 2011 година нема да ги напушти правилата на етничката припадност, вели за ДВ Благица Новковска, директор на Државниот завод за статистика.

-Прашањата за етничката припадност се оставени во сетот на проверки што не се предвидени како обврзителни со нормите на меѓународната статистичка организација Еуростат, но Македонија имајќи го во предвид интересот на нашите корисници и сензитивноста за општествениот развој, ние секогаш, па и на наредниот попис, ги планираме етничките пописни инструменти“, вели Новковска.

За прв пат, по барање на помалите верски заедници, на следниот попис, ќе има и одредница за религиската припадност и тоа не само за православните, муслиманите или католиците во Македонија.

Заводот за статистика секојдневно објавува ажурирани податоци од економскиот свет, но и за прашањата на наталитетот, или за регионалните демографски и внатрешните мигрантски процеси во земјата. Соопштен е податокот дека расте бројот на браковите во првите четири месеци од годинава, по ланската стагнација, но истовремено зголемен е и бројот на разводите, особено во средини што важат за традиционални, пред се во тетовско и гостиварско. Сепак овој полошки регион и натаму е водечки по бројот на децата од 1-14 години кои претставуваат 20 отсто од популацијата во тој дел на државата. Но статистиката покажува дека се намалува бројката на многудетствата и просечното семејство на Албанците веќе е околу 3 деца.

Mazedonien Land und Leute

Полошкиот регион и натаму е водечки по бројот на децата од 1-14 години

Македонија старее

Белата чума, како што демографите ја нарекуваат стагнацијата на природниот прираст или новородени деца, зафаќа речиси една третина од општините, особено е изразена во Битолско, Беровско, Кратово, Прилеп, Гевгелија...

Најгусто населен регион, од осумте регистрирани, е Скопскиот, па Полошкиот, а со најмал број на население е Повардарието.

„Во право сте кога тврдите дека Македонија старее и спаѓа во европските земји со надпросечна старост од 15,5 насто со жители над 65 години. Демографското стареење е најзебележливо во Пелагонија, додека најмлада популација просечно имаме регистрирано во Полошкиот крај, вели директроката на Државниот завод за статистика.

Најсиромашен е североисточниот регион на Македонија

Најсиромашен е североисточниот регион и од таму е притисокот на мигрирање кон Скопје или јужните делови од земјата каде е најголем порастот на брутоопштественот производ и е најмала и така високата просечна стапка на невработеност.

„За жал немаме јасна статистичка слика за емигрирањето и движењето кон странство и врз основа на нивните податоци да утврдиме дали имаме одлив на мозоци и го губиме најобразованиот дел од популацијата. Индикативно е дека и натаму во Заводите за невработени над 50 проценти се лица без оформено основно образование, но расте и бројот на високошколците кои чекаат вработување, особено од хуманистичките дисциплини, вели Новковска.

Според неа една од големите енигми е диспаритетот меѓу бројот на жители во Македонија, 2 милиони и педесет илјади од пописот 2001 и високиот број на граѓани во избирачките списоци што вкупно се движи околу 1,8 милони гласачи. Тоа е поради отсуство на регистрирани граѓани кои поседуваат македонско државјанство, а живеат и работат во странство повеќе од една година.

Mazedonien Wahlen 2009

Останува енигма диспаритетот меѓу бројот на жители во Македонија и високиот број на граѓани во избирачките списоци

„Се додека постои таков дисбаланс на бројот на гласачи и бројот на македонскин државјани со право на избор ќе има сомневања и критики, заклучува Новковска.

Таа тврди дека Заводот за статистика веродостојно ги презентира економските индикатори за стопанските движења особено за индустриското производство и растот на БДП и тоа според стандардите на европската статиститичка асоцијација.

„Како ќе се приближуваме кон ЕУ така ќе се зголемат и обврските за транспаренто комуницирање, но и сега е голем бројот на податоци што ги трансферираме кон европската статистичка служба - Еуростат“, вели Директорот на државниот завод за статистика магистер Благица Новковска.

автор: Александар Чомовски

редактор: Борис Георгиевски