1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бек: Укинувањето на визната либерализација нема да го реши проблемот со сиромаштијата

Пратеничката од Зелените Марилуизе Бек ги критикува плановите на министерот за внатрешни работи за азилантите од Балканот: Место да се размислува за протерување треба да се размислува за подобри животни услови за Ромите.

Баренберг: Госпоѓо Бек, повеќето (баратели на азил), кои во последните недели дојдоа во Германија, немаат никакви изгледи овде да бидат признати како политички бегалци. Стапката на признавање азил е речиси нула. Дали сега е исправно, министерот за внатрешни работи да презема мерки?

Бек: Министерот за внатрешни работи би требало да иницира чекори, но пред очи не би требало да се имаат чисти мерки за протерување, туку треба да му се приближи на проблемот со кој сме соочени, а тоа е неверојатен проблем со сиромаштијата. Во земјите на Балканот, особено токму групата на Ромите и Синтите, нивната ситуација драматично се влоши по распадот на Југославија. Речиси и да нема веќе пристап до образованието, а со тоа се разбира нема пристап повеќе ниту до работа. Ситуацијата за многу луѓе во земјите наследнички на Југославија е многу, многу тешка, но за Ромите и Синтите, a на Косово тоа се Ашкалите, е особено драматична. Оттука станува збор за тоа проблемот со сиромаштијата да се набљудува како наш. Впрочем тоа е Европа и не може да станува збор за тоа сега да се води голема дебата, нешто што се вклопува во општиот тек, кога дискриминацијата на Ромите и Синтите исто така и во нашата сопствена историја има добро подготвено тло.

Беренберг: Госпоѓо Бек, Вие претпоставувате дека зад плановите на министерот за внатрешни работи се кријат други мотиви, отколку оние кои се поврзани со правото на азил?

Бек: Да. Значи ако се земе бројката од 60 проценти, тогаш се разбира сите луѓе добиваат чувство, Боже Господе, доаѓаа 100.000, а сега доаѓаат 600.000. Бројките се многу помали и не се толку многу повисоки отколку во септември пред една година. Сепак, тоа се секогаш зимски - бројки. Навистина е така, што поради неверојатно лошите животни услови, лошите станбени услови, постојано бран Роми и Сини од овие земји тргнуваат на марш во правец на Западот. Делумно и поради лажните ветувања. На пример, ним им се вели дека би можеле да работат ако дојдат во Германија и тие тогаш доаѓаат, но тука забележуваат дека тоа не оди така. Во Европската унија има декада за интеграција на Ромите, но тоа во главно остана само парче хартија. Тоа е драмата.

Logo

Она што мислам дека би било многу добро, е ако сојузниот министер за внатрешни работи би му се обратил на неговиот колега за економска соработка. Постоеше имено програма за пристап до образование, но германската влада ги укина средствата кои требаше да придонесат за тоа. Оттука би кажала, кој сега вели дека ќе им го укинеме безвизното патување на Србија и на Македонија, ако не ги сопрете луѓето да доаѓаат, е погрешен чекор, оти визната либерализација е голем чекор за земјите во правец на интеграција во Европа.

Баренберг: Она што на другата страна останува е дека токму економските причини го поттикнуват бегството на овие луѓе, а тоа значи дека министерот за внтершни работи Фридрих е во право со тезата дека злоупотребата ја оптоварува подоготвеноста за помош за оние на кои им е нависитна неопходна.

Бек: Да, ако оваа дебата за злоупотреба се стави високо на дневната агенда, во опкружувањето на бегалците секогаш веднаш ќе се најде поддршка. Јас велам - не го негирам тоа, дека овде не се работи за прашања за азил, туку велам тоа се социјални и проблеми со сиромаштијата, и во тој случај во мир и заедно треба да им пристапиме, отколку едноставно да се прави притисок. А, притисок имаше. Србија и Македонија, ние ќе ви ја укинеме визната слобода. И тоа едноставно не е вистинскиот потег. Етички исто така не е прифатлво, оти како што кажав: овој народ, кој припаѓа кон нас во Европа, е неверојатно запоставен и со децении немаме преземено вистински напори на тоа да гледаме како на заедничка европска задача. Тоа сметам дека припаѓа во една социјална Европа и затоа овој наплив од азиланти (не треба да се опишува како, н.з.) тие да не’ преплавуваат, тие им ги земаат парите на барателите на азил и така натаму - тоа навистина не е вистинскиот чекор.