1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Бекам во Холивуд

Спортски погледнато кариерата на Дејвид Бекам е во надолна линија но дури и една ваква ситуација тој ја користи оптимално погледнато од финасисики агол. Бидејќи за него нема иднина во шпанскиот клуб Реал Мадрид, од нареднатат сезона тој ќе игра за Лос Анџелес Галаксис, во националната америкаснка лига.

Дејвид Бекам го напушта Реал Мадрид

Дејвид Бекам го напушта Реал Мадрид

Фудбалски за Бекам ќе биде полесно, ќе си го задржи статусот на ѕвезда, дури можеби и ќе го зголеми со редица рекламни кампања, а неговата сопруга Викторија конечно ќе се најде во Холивуд.

Уште во август годинава Бекам ќе го смени досегашниот клуп и ќе замине во Лос Анџелес. Неговиот договор важи до 2012 година и вкупно трба да му донесе 190 милиони долари „ Не сакав за Америка да заминам дури со 34 години, кога си би рекле “ тој доаѓа само заради парите” , туку сакам да изградам екипа која ќе има многу потенцијал.”

Одлуката на Бекам да замине во Америка можеби го спаси Бекам да биде исфрлен од тимот на Реал Мадрид. За тренерот Фабио Капело тој беше само втор избор. Од 2003 година 31 годишниот Бекам игра за шпанскиот кралски клуб, но веќе одамна не е во првиот тим. Затоа сега Тим Лајвек, претседателот на Лос Анџелес Галакси се радува за својот нов играч „Мислам дека луѓето ќе бидат изненадени, колу агресивно агира на теренот. Оние кои веллат дека оваа промена на тимот е крај на кариерата на Дејвид, тие не го познаваат Дејвид.”

Бекам во Холивуд – таму сега ќе има шанса на сите уште еднаш да им ги покаже своите фудбалски вештини.