1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Без суштински напредок

Државниците од земјите на Г8 дискутираа за светските проблеми: климата, цените на нафтата и храната, кризата на финансиските пазари. Но, што навистина му донесе на светот самитот? Суштински малку - коментира Хенрик Беме.

default

Г8 Тојако

Дневниот ред беше обемен како никогаш досега во 33-годишната историја на ваквите средби, а и бројот на поканети гости беше рекорден - на тркалезната маса беа 22-ца моќници.

Уште 42 години

Но, спасувањето на климата е повторно одложено, иако овде беа застапени земји кои учествуваат со 80 проценти во вкупните емисии на јаглен-диоксид. Најавеното преполовување на емисиите на штетни гасови до 2050-та година на прв поглед звучи добро. Само, дотогаш има 42 години - задачата, значи, и’ е препуштена на наредната генерација. Надеж влева фактот дека и американскиот претседател Џорџ Буш, пред заминување од функцијата, се откажа од отпорот спрема заштитата на климата. Колку вредат ветувањата од Тојако ќе се покаже по 500 денови во Копенхаген, на самитот на ОН посветен на климата.

Тестот следува

Луѓе умираа оти немаат што да јадат или немаат чиста вода за пиење и за време на трите денови на собирот во Тојако. Акутната криза со прехранбени средства уште повеќе ја заострува ситуацијата. Што прават земјите од Г8? Даваат неколку милијарди и сакаат да ги подобрат земјоделските структури во Африка, на пример. Но, кој ги уништи тамошните структури со своите субвенционирани производи? Богатите земји од Северот, кои сега ветуваат поголеми извозни олеснувања. И овде тестот следува наскоро и исто така не може да се исклучи разочарување.

Победа на чиниите?

Единствен позитивен аспект е што се чини дека био-горивото отстапува пред храната - во резервоарот во иднина ќе може да стигне само она, што не може да служи за исхрана.

Што е модерно кај автомобилот, чие едно полнење на резервоарот ја голта севкупната годишна потрошувачка на житарици на еден човек?

Со оглед на многуте проблеми, помошта на Африка западна на споредна сцена. Барем беа потврдени дадените ветувања, оти се страхуваше дека можат и да бидат пречкртани во документите. А не е прашање на недостиг на пари - за да се спречи колапс на светските финансиски пазари, во најкратко време беа обезбедени илјада милијарди долари. Со парите, колку што чинеше самитот, можеа да бидат лекувани 4 милиони болни од сида.

Значи, што останува од самитот? Земјите на Г8 уште еднаш останаа должни за одговор кој или што ги легитимира. За решавање на проблемите на светот тие се погрешен форум и ќе мора да се отворат за земји како Кина и Индија - или наскоро ќе го потрошат својот и онака скуден кредит.