1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Без решение за името, можна е дестабилизација

Прашањето за името останува нерешено, а секое одлагање со себе носи ризик за стабилноста на Македонија, изјави вчера (26.01.2010) пред европските пратеници во Брисел евроамбасадорот во Скопје, Ерван Фуере.

default

Реформите и заложбите на македонската влада, кои доведоа до позитивна препорака на ЕК во октомври лани, не се имплементираат како што беше ветено и како што очекува Брисел.

Македонија се соочува со повеќе опасности за иднината доколку продолжи да ги избегнува клучните предизивици, а тоа се решавањето на проблемот со името, но и спроведувањето на реформите кои беа усвоени за добивање препорака за преговори со Унијата.

Ervan Fuere

Ерван Фуере

Амбасадорот на ЕУ, Ерван Фуере вчера се обрати пред европските пратеници од Комитетот за надворешни работи. Тој нагласи дека одлагањето на решението за спорот со Грција носи ризик за стабилноста на државата.

Тој нагласи дека се уште не е донесен законот за антидискриминација кој се најавува одамна. Се чека и на имплементацијата на реформата за јавната администрација. Амбасадорот би сакал да биди поинтензивна соработка на владата со Националниот совет за евроинтеграции

“Како што реков во обраќањето, за нас Националниот Совет е најважниот механизам за промоција на натпартиски консензус за реформите, затоа што ги здружува сите партии. Владата треба да обрне поголемо внимание на ова тело, да биде поприсутна одошто беше досега, треба да има отвореност и дијалог помеѓу сите членови на Советот, Ако ја погледнете Хрватска, ќе видите дека ова тело одигра многу важна улога и верувам дека во Македонија може да се стори истото.“

Денеска извештајот за Македонија е на гласање

Европските пратеници имаа бројни прашања, како за името, така и за политичката и економската ситуација во Македонија. Денеска пратениците ќе треба да ги гласаат и амандманите за редовниот извештај за Македонија, подготвен од Словенецот Зоран Талер.

Грчкиот пратеник Јоргос Кумуцакос го пренесува грчкото незадоволство за овој извештај:

“На пример овој извештај целосно ги игнорира преговорите помеѓу Атина и Скопје под покровителство на ОН, воопшто не се споменати, а се главниот форум за преговорите. Второ и многу поважно е што во деловите каде овој извештај се осврнува на националнистичките акти и реторика, не се прави разлика помеѓу земјите во регионот. А сите добро знаеме дека главниот извор на националистички дух во регионот се владата и самиот господин Груевски.“

Пратениците од Грција и Бугарија упатија низа критики за односот на македонскиот премиер Никола Груевски и неговата влада кон соседните земји.

И оние кои важат за добри пријатели на Македонија алармираат дека македонската влада мора да покаже поголема конструктивност.

Дел од проблемот или од решението

Пратеникот Јелко Кацин со силна порака до македонската влада:

“Знаете што, треба да се постави елементарно прашање. Дали оваа гарнитура е дел од проблемот или дел од решението. Ако е дел од решението, нека се докаже и нека постигне компромис, ако не може нека го каже тоа, нема потреба да се покажува со прст на соседите. Не може да се добијат преговори без решение на името.

Jelko Kacin

Јелко Кацин

Ако си дел од решението, ќе ги собереш сите политички поени и ќе бидеш заслужен за европската иднина на Македонија. Ако си дел од проблемот, доказжуваш дека си дел од балканското минато на таа иста земја.“

Меѓуетничките односи повторно се тема

Се дискутираше и за меѓуетничките односи кои според Брисел не се на завидно ниво.

Амбасадорот Фуере се осврна на спорот околу изучувањето на македонскиот јазик во албанските основни училишта и ги обвини надлежните за недоволна подготовка на теренот.

“Немаше доволна подготовка, не се разговараше доволно со учителите, со заедниците, не се објасни вредноста на оваа препорака, да се стореше сето тоа, ќе ја избегневме сегашната ситуација. А сега ова е политизрано, владата треба да се извлече од ова и да докаже дека ова не е дискриминација или притиоск врз Албанците, туку обид за промоција на мултиетничкиот карактер на државата.“

Успеси, но и забавени реформи

Амбасадорот Фуере ги поздрави и успесите на владата како што се визната либерализација или признавањето на Косово, но од добивањето на препораката за преговори со Унијата, Македонија повторно го забавува реформското темпо и повторно се соочува со предизвикот на спореведувањето на донесените реформи.

Меѓуетничките односи не смеат да се потценуваат. Особено во контекст на затегнати односи со јужниот сосед и блокада за ЕУ и НАТО.

Макаедонската влада не треба да ја запоставува европската агенда, ниту да избегнува конечно решение за спорот со името, бидејќи скапо ќе ја чини, е ставот на Брисел.

Автор: Тања Милевска

Редактор: Жана Ацеска