1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Без протекционизам и среде светската криза

Седумте најразвиени земји во светот имаат намера да се борат против економската криза со сите средства, и притоа, да го избегнат националниот протекционизам.

default

Инернационално деби за Тимоти Гајтнер

На средбата на Групата 7 во Рим, денеска е донесена завршна декларација во која министрите за финансии и шефовите на централните банки на Г7 се обврзуваат на тесна соработка. Протекционизмот може само да го забрза падот на економијата во светот, се вели во завршната декларација од средбата на Групата седум во Рим. Германскиот министер за финансии, Пер Штајнбрик, по средбата со новиот американски министер за финансии, Тимоти Гејтнер, изјави: „Важно е во американската програма да бидат утврдени неусогласеностите со правилата на Светската трговска организација. Тоа, во оваа ситуација, е многу важно за однапред да може да се сигнализира дека ваквата програма нема протекционистичка тенденција.“

Тоа значи: кај американската програма за помош на економијата треба да се утврди компатибилноста со правилата на СТО. Првично, американската конјуктурна програма содржеше клаузула за купување исклучиво американски производи, но таа клаузула беше потоа значително омекната. Предмет на критика беше и Франција, која на своите производители на автомобили им дава кредити во замена за гаранција на работните

Deutschland Finanzkrise SPD Peer Steinbrück in Berlin

Пер Штајнбрик, германски министер за финансии

места.

Реформа на ММФ е неопходна

Шефот на Евро-групата, премиерот на Луксембург, Жан Клод Јункер, рече дека протекционизмот не може да биде пат за излез од кризата. Кон хорот гласови кои му велат „не“ на протекционизмот се приклучи и јапонскиот министер за финансии, Соичи Накагава, велејќи дека „протекционизмот во време на криза не е добар, а долгорочно не е добар ни за нациите кои го спроведуваат“ и затоа тој мора да се спречи.

За борбата против економската и финансиската криза да биде ефективна, според Групата 7 потребен е реформиран Меѓународен монетарен фонд кој ќе располага со повеќе финансиски средства. Средбата во Рим е подготовка за средбата на Групата 20 во Лондон, во април.

„Единствени сме во ставот дека финансискиот самит на втори април мора да даде јасни насоки“, изјави германскиот министер за финансии, Штајнбрик.

DW.COM