1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Без прогрес во разговорите за иранската атомска програма

Дводневните разговори околу иранската атомска програма во Багдад завршија без согласност. Нова рудна разгвори ќе се одржи во јуни, во Русија.

Европскиот претставник за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештoн изјави дека разговорите меѓу петте земји со право на вето во ОН и Германија и Иран ќе бидат продолжени на 18. и 19. јуни, во Москва. Ештон рече дека во Багдад имало значителни разлики во мислењата. Сепак, иранското раководство се согласило да разговара за спорното облагородување ураниум. Американската влада оцени дека планираното продолжување на разговорите е позитивен развој на работите. САД не очекуваа пробив во првите две рунди разговори, изјави портпаролот на Белата куќа Џеј Карни, додавајќи: „Она што за нас е важно е напредокот“. Иранскиот преговарач Саид Џалили соопшти дека разговорите бие „интензивни, но нецелосни“ и затоа ќе продолжат.

Во меѓувреме, германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле му понуди на Иран технолошка помош за цивилно користење на атомската енергија. Западот се сомнева дека Иран под плаштот на изјавите дека работи на цивилно користење на атомската енергија всушност можеби развива атомска бомба, што од страна на Техеран постојано се негира.