1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Без примирје на повидок меѓу Израел и Хамас

ЕУ се обидува да издејствува прекин на огнот во појасот Газа, но засега без резултат. Израел и радикално исламистичкиот Хамас ги продолжуваат меѓусебните напади.

default

Борби во Газа

Израел седми ден по ред ги продолжува своите воздушни напади против владеачкиот Хамас во појасот Газа. Ноќеска, според извештаите на израелските медиуми, била бомбардирана и една џамија во бегалскиот логор Џабалија, која наводно служела како магацин за оружје.

Израелската авијација вчера извршила околу 60 напади во појасот Газа. Милитантните Палестинци пак испалиле повеќе од 40 ракети и гранати во правец на Израел. Погодени се повеќе куќи, но без жртви.

Во вчерашните израелски напади во целна акција за првпат е убиен висок по ранг функционер на Хамас. Нисар Рајан, професор по исламско право, спаѓа во петте раководни членови на организацијата. Од саботата, според здравствените власти, во израелските напади загинале најмалку 414 Палестинци, а повеќе од 2 илјади биле ранети.

Livni bei Sarkozy

Никола Саркози и Ципи Ливни

Израел не ги прекинува нападите

Израелската министерка за надворешни работи Ципи Ливни уште еднаш потенцира дека Израел ќе продолжи со воената офанзива во појасот Газа се‘ додека милитантните Палестинци не престанат со нивните ракетни напади.

„За прашањето дали е доволно или не, мораме да решаваме од ден во ден. Но, дали ќе ги прекинеме нападите, зависи само од Хамас“, изјави Ливни во Париз. Целта на Израел не е окупација на појасот Газа, тврди Ливни:

„Следиме двојна стратегија со цел да постигнеме мировен процес. Ова е единствен пат. Од една страна ги поддржуваме Палестинците во појасот Газа, од друга страна се бориме против екстремистичкиот Хамас“, тврди израелската министерка за надворешни работи. На средбата со својот француски колега Бернар Кушнер и францускиот претседател Никола Саркози во Париз таа не ја ни спомена француската иницијатива за итен 48 часовен прекин на огнот.

Kampf im Gazastreifen

Израелските тенкови во близина на појасот Газа, се‘ поверојатна е копнена офанзива

Интензивни дипломатски посредувања

ЕУ ги интензивира напорите за постигнување примирје меѓу Израел и Хамас. Чешка како нов претседавач со Унијата активно ќе се ангажира за запирање на борбите. Премиерот Мирек Тополанек во Прага изјави: не можеме да сметаме на американската влада, останува иницијативата да ја преземе ЕУ.

Тополанек најави испраќање делегација на ЕУ на Блискиот исток под водство на чешкиот министер за надворешни работи Карел Шварценберг. И францускиот претседател Никола Саркози в понеделник ќе патува во регионот.





DW.COM