1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Без поместувања и во „Европското ново македонско прашање“

Наспроти добрата регионална соработка меѓу Македонија, Грција и Бугарија нема подготвеност за компромис во спорот со името, а „нов лист сврте и Бугарија која поставува бесмислени услови“, вели за ДВ проф. Штефан Требс.

Македонското прашање од нова временска дистанца и европски аспект оваа есен е во фокусот на историчарите и докторантите од повеќе европски држави кои се занимават со регионот и блокирањето на Македонија на нејзиниот евро-атлантски пат. Поточно „Европското ново македонско прашање“ беше креативното име на студиското патување во Бугарија, Македонија и Грција кое изминативе денови го имаа дваесеттина докторанти од Германија, Полска, Русија, Исланд, Унгарија, Романија и Грција, како и неколкумина професори од Универзитетите од Лајпциг и Виена.Станува збор за дел од промоциската програма „Нова Европа“ која ја реализираат историчари од Универзитетите Лајпциг и Вроцлав (Полска), а ја финансира Германската служба за академска размена (ДААД). Во програмата докторантите се занимаваат со темата: „трилатерална соработка со посебен акцент на спорот со името“. Првата „станица“ на експертите кои пред десеттина дена го обиколија регионот била Софија, по што следел Солун. На пат кон Македонија било разговарано и со командантите на пограничните служби Евзони и Богородица. Научниците разговарале со политичари, но и со бројни „обични смртници“. Го прашуваме професор др. Штефан Требст, раководител на програмата и патувањето во регионот кои аргументи на научниците им' биле пренесени во трите држави? .

Прекуграничната соработка не е спорна

„Резултатите би рекол се многу противречни! Регионалната погранична соработка многу добро функционира. Екстремни примери се казината во

Stefan Troebst Konferenz Balkan Kriege 1912/1913 an der Uni Leipzig

Нов лист преврте и Бугарија која го условува членството на Македонија во ЕУ и НАТО! Проф Штефан Требст.

Гевгелија, кои речиси иклучиво имаат грчки посетители. Тие таму остваат големи пари. Како што кажуваат од полицијата станува збор и за илегални перени пари, така што и на тој план има мошне интензивна прекугранична соработка. Истото важи за грчките фирми кои поради финансиската криза и ниските даноци своето производство го преселиле кај северните соседи, односно во Македонија и Бугарија“, вели проф Требст кој е на мислење дека ваквиот позитивен развој во сферата на економската соработка нема да е долго оддржлив. Негово мислење е дека во моментот кога Грција ќе ја надмине кризата дел од овие производни капацитети повторно ќе бидат вратени во матичната држава.
„Сосема поинаков е меѓутоа впечатокот кога станува збор за спорот околу името.Во ниедна од земјите не може ниту да се насети подготвеност за компромис. Напротив, листот е превртен пред се’ и од страна на Бугарија. Исто како и Грција, и Бугарија сега поставува бесмислени предуслови. Членството на Македонија во НАТО и ЕУ го условува со барањето Македонија да го потпише билатералниот договор за соработка и добрососедство, претходно формулиран од Бугарија. Текстот на договорот е прилично непрецизен. Не станува збор за документ кој регулира меѓународно правни прашања или погранична соработка, туку се занимава со целосно дифузни работи како историјата, минатото, идентитетот, јазикот,нешта кои обично не се регулираат со меѓународно правни договор“, подвлекува проф. Требст.

Чувствителноста на Грција непроменета!

„И во Грција ништо не е променето! Грчката страна е исклучително чувствителна кога финансиската криза се поврзува со спорот со името. Конкретно прашавме:

Namensstreit neue Gesprächsrunde in UN

Врзувањето на финансиската криза со спорот со името кај грчките соговорници предизвикало непријателски реакции!

нели за Грција би била добра идеја да понуди компромис околу името со што би го подобрила сопствениот нарушен имиџ во НАТО и Европската Унија? Можам да кажам дека ова прашање предизвика мошне непријателски реакции! Значи - немаше во никој случај подготвеност за било каков компромис“, коментира проф. Требст според кого идентична, без подготвеност за компромис, била и ситуацијата во Скопје.
Сега, според него учесниците во патувањето треба да го подготват краткиот извештај за своите впечатоци. Поточно, идеја е докторантите да развијат позитивни и негативни сценарија во однос на трилатералните односи во регионот и спорот со името. Овие сценарија ќе бидат вреднувани врз реалноста. Проф. Требс наусо објаснува како тие сценарија би изгледале.
„Би кажал еден пример. Еве, да речеме доколку утре трите држави објават дека спорот со името е завршен и ништо не стои на патот за членството на Македонија во ЕУ и НАТО, тоа би било позитивно сценарио. Доколку би се вреднувала веројатноста од 1 до 10, ова сценарио би се оценило со 0 или 1 (н.з. малку веројатно). Негативното сценарио би било - статус кво за Македонија во наредниве 10 до 15 години, Доколку се гледа веројатноста ова сценарио би го вреднувале со 6 или 7 (н.з. значи е прилично реално). Во вакви рамки би се опишале и другите сценарија кои креативно ќе ги развиеме, а ќе се темелат и врз сознанијата добиени и од недржавните партенри со кои разговаравме за можното решавање на спорот со името“, подвлекува за ДВ проф. Штефан Требст од Универзитетот во Лајпциг.