1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Без пари сум, но патувам низ светот

Во речиси секој автомобил, минимум две седишта се слободни. Зошто да не ги поделите трошоците со некој, или едноставно стопирате? Едното и другото се многу поинтересни од класичното патување, а се заштедуваат и пари.

Сѐ додека има полупразни автомобили и слободни каучи низ светот нашите соговорници не сакаат да плаќаат за превоз и за сместување во хотел. Јелена, Ивана, Стеван и Игор се просечни млади луѓе од БиХ. Од нив четворицата, тројца се невработени. Сепак, патувањата за нив не се недостижен сон, туку редовна појава.

Urlaub für die Armen

Јелена патувала сама од Бања Лука до Ада Бојана и таму поминал 10 дена за само 55 дена

Тие стопираат, кампуваат, бараат бесплатно ноќевање преку интернет („кауч-сурфинг“). На сите им порачуваат дека со многу малку пари може многу да се види и доживее.

„За летување оваа година потрошив 110 марки, Луѓето просто не ми веруваат. Ним им е неверојатна приказната дека од Бања Лука до Ада Бојана во Црна Гора патувавме со авто-стоп, а уште поневеројатно им е дека сме јаделе, пиеле и спиеле (во шатор) десет дена за само 55 евра“, вели Јелена.

Авто-стоп од Бања Лука до Истанбул

Иако повеќето граѓани живееат во беспарица, тоа сепак не го спречува потрошувачкиот менталитет да земе замав во БиХ. Многу граѓани се задолжија само за да одат во популарни одмаралишта. Наместо тоа, би можеле малку повеќе да си веруваме едни на други, повеќе да се дружиме, да запознаеме нови луѓе и секако да потрошиме помалку, советува Јелена.

„Сите на оваа гледаат од негативната страна, мислат дека нешто лошо ќе им се случи, дека никој нема да им застане, не им се спие во шатор и слично“. Кога се работи за безбедност овие бањалучанци имаат само позитивни искуства. Тие велат дека не патуваат никаде сами, туку најчесто во пар.

Возачите досега беа и повеќе од љубезни и добронамерни, дури со нас делеа храна и пијалок, вели Стеван. Тој со авто-стоп ја пропатувал цела поранешна Југославија.

Urlaub für die Armen

Стеван има само позитивни искуства

Најоддалечен град каде што стигнал со стопирање бил Истанбул. Многу голем број на автомобили и сопатници се зад него, а само позитивни искуства. „Се возев со најмалку стотина различни возачи. Немав никакви проблеми. Најмногу застануваат камионџиите, но на пример и еден романски метеоролог и еден дистрибутер кој не почасти со паштетите кои ги превезуваше итн.“.

Да се застане покрај улицата да се крене рака и да се чека некое возило да застане за некои луѓе сепак е премногу и тие не се чуствуваат комотно во таа улога. И тие секако имаат потреба од евтин превоз и патување. Многу помагаат и друштвените мрежи, каде потенцијалните сопатници, стапуваат во контакт, а потоа и заедно патуваат и делат трошоци.

Дваесет и шест годишната Ивана од Бања Лука редовно ги користи овие можности. Таа преку Фејсбук групата „барам-нудам превоз“ стапува во контакт со некој кој оди на истата дестинација, а потоа се договараат околу деталите. Причините за ваквиот начин се бројни вели таа. „Не е во прашање само финансиската туку и еколошката исплатливост. Ако некој го користи автомобилот зошто да не поведе со себе уште неколку луѓе. Секако може да се најде и добро друштво“.

„Беспарицата е само изговор“

Urlaub für die Armen

Ивана наместо на патиштата својот превоз го пронаоѓа на интернет

Коментарите и лајковите од претходните сопатници овозможуваат да се види дали некоја личност е доверлива или не. Досега немала никакви проблеми со своите сопатници и верува дека таквите случаи се навистина ретки. „Тоа се нормални луѓе, најчесто многу опуштени и интересни, инаку не би биле во можност да го прават тоа доколку не се забавни“, вели Ивана.

Овие млади луѓе се пример дека немора се да се плати толку многу, и дека парите не се гаранција за добро да се помине. Ивана верува дека бариерите се само во главите на поединци.

„Повеќето млади луѓе не размислуваат за некои алтернативни решенија ако немаат пари. Не е срамно да се биде сиромашен, а сепак многумина се страмат од тоа. Непријатно им е да користат ваков вид на превоз. На почетокот тоа го правеа само поединци со напредни ставови, но сега тој круг се шири“.

„Неопходно е да има меѓусебна доверба“

Urlaub für die Armen

Младиот еколог Игор го користи концептот „кауч-сурфинг“

Евтиното патување бара и одредено планирање неколку седмици однапред. Откако ќе се превезете до посакуваната локација, би требало некаде да преспиете, по можност бесплатно. Затоа е тука познатиот „кауч-сурфинг“ или спиење на туѓ кревет. За младиот еколог Игор тоа е составен дел од патувањето. Сепак, тој често бил и во улога на домаќин, на неговиот кревет во еднособниот стан во Бања Лука имаат преноќено туристи од сите континенти.

Тој на концептот „кауч-сурфинг“ гледа како на нешто многу важно затоа што се заштедуваат пари и затоа што се дружите.

„Најважно е да се изгради доверба во луѓето. Денес владее атмосфера на страв и параноја. Ова е спротивно на сето тоа“. Игор сака да посети многу земји и да запознае многу култури, а спиењето по хотели и апартмани за него не е опција.