1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Без паника

Крах на рати, што од ден во ден ги носи финансиските пазари во се подлабока бездна. Кризата во САД ги зафати економски сили во светот. Дали пазарите се навистина пред пропаст? Од Германија стигнуваат охрабрувачки пораки.

default

Германските претпријатија отпорни на финансиската криза

Мнозинството германски претприемачи и покрај финансиската криза остануваат прагматични. Без паника, велат тие и укажуваат на искуството на Лудвиг Ерхард, таткото на германското економско чудо, кој порано рече: економијата до некаде треба да се сфати како психологија. Точно е, економскиот полет во Германија видливо ја губи силата, - но експерите спорат околу размерите. И додека ММФ предвидува стагнација за наредната година, Германскиот иснститут за економски истражувања, смета на пораст од еден процент.

Кризата може да се совлада

За шефот на институтот Клаус Цимерман последиците од финасиската криза можат да се совладаат „Пршањето, зошто ситуацијата сега станува драматична, повеќе е од психолошка природа одошто се должи на реални прилики. Само во психологијата, паниката повремено може да стане реалност, тоа не го оспорувам.“

Според анкетата на Германската индустриска и трговска комора 73 проценти од скоро 3.500 анкетирани претпријатија велат дека условите за доделување кредити не се влошени. Шефот на индустриската и трговска комора Мартин Ванслебен вели „Не може да се каже дека насекаде има проблеми со кредитите. Поголемиот дел од претпријатијата ни велат дека нема промени. 20 проценти од нив сепак сметаат дека ситуацијата е малку влошена. Значи сите тоа го чувствуваат, но теснец во кредитирањето нема.“

Германската индустрија сеуште не е погодена од кризата

Трговијата, занаетчиството и машинската индустрија

Das Henkel-Werk in Düsseldorf

Хемиска индустрија

имаат сличен став. Германската хемиска индустрија во моментов исто така не е силно погодена од кризата. Заработувачката во оваа бранша во последните четири години беше добра и засега не постојат проблеми со финансирањето. Градежната индустрија исто така внимателно го следи развојот, но има многу нарачки, се вели во сојузот на градежната индустрија. Не постојат аргументи, банките да не ги финасираат проектите, се вели од таму.

Мал пад се забележува кај Гермнскиот сојуз за трговија на големо и експорт. Тоа се должи на се повисоките цени на нафтата и високиот курс на еврото. Но од август се намали притисокот од страна на девизните и пазарите за суровини.

Наспроти ова се зголеми нестабилноста на финансиските пазари, вели претседателот на сојузот Антон Бернер „Како изгледаат рамковите услови за наредните годни? Прв заклучок: веќе пет години сме светски прваци во експорт и тоа не без причина. Големите пазари во подем, Кина, Индија и натаму ќе растат. Независно од привремената финасиска криза, колку и да е таа голема. Рамковните услови се изворедни и оттука за нас се поставува прашањето, како во оваа криза да станеме уште поконкурентни,“ вели Бернер и дополнува дека кај главните трговски партнери се забележува опаѓање на конјуктурата, но економијата во источна Европа, Блискиот и Средниот Исток и Кина се покажуваат посебно отпорни на финасиската криза.

DW.COM