1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Без опипливи резултати во Познањ

Светската конференција за климата во Полска, и покрај маратонската ноќна седница, заврши без голем успех. Таа дава мал поттик за заштитата на климата во иднина. Еколошките организации зборуваат за застој.

default

Далеку од очекуваното

Светската конференција за климата, која се одржуваше во Полска, утрово заврши без резултат околу доделувањето повеќе пари на сиромашните земји заради справување со последиците од промената на климата. ЕУ и другите држави го отфрлија барањето на земјите во развој за воведување данок од два проценти на сите трансакции на пазарот на јаглен. Индискиот претставник ги обвини богатите држави дека не се подготвени да се откажат ниту од еден мал дел од своите заработувачки од трговијата со правата на загадување, додека во земјите во развој страдаат милиони луѓе поради промената на климата.

Средбата на претставниците од околу 190 држави во Познањ заврши и без конкретни бројки за намалувањето на штетните издувни гасови. На конференцијата единствено беше договорено поголемо право на земјите во развој во сооддлучувањето околу прашањата за климата. Освен тоа, направен е и роковник за преговори до следната конференција за климата во Копенхаген во 2009- та година. Германскиот министер за екологија Зигмар Габриел трезвено изјави: „Познањ постигна резултати. какви што ние овде можевме да постигнеме. “

Здруженијата на еколозите се длабоко разочарани. Некои дури оценија дека конференцијата во Познањ беше чисто губење време.

Posen Proteste Polen

Протести на екологистите во Познањ

Поттик од САД

Светла точка на конференцијата за климата во Полска беше добрата вест која стигна од САД. Нобеловецот и поранешен американски потпретседател Ал Гор ги одушеви екологистите со пламен говор. Тој најави дека идниот американски претседател Барак Обама има амбициозни планови за заштита на климата. Обама сака до 2020-та година испуштањето штетни издувни гасови да го сведе на состојбата од 1990-та година, пренесе Ал Гор.

Конференцијата за климата во Познањ инаку требаше да ги постави темелите за нов договор за климата, кој ќе го наследи досегашниот Кјото протокол.

DW.COM