1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Без надеж за преживеани во несреќата во Тибет

Еден ден по лизгањето на земјиште во Тибет, исчезнува надежта за спас на некој од 83-те затрупани работници. Во меѓувреме во североисточна Кина се случи уште една несреќа во рудник на јаглен.

Во големата спасувачка операција се‘ уште не е пронајдено ниту едно преживеано лице, иако изминаа повеќе од 24 часа откако во големо лизгање на земјиштето во Тибет беа затрупани 83 рудари, врз кои паднаа речиси два милиони кубни метри земја.

Спасувачките екипи, со помош на кучиња и радари, ја пребаруваа планината цела ноќ откако три километри долг дел од земјата затрупа камп на рудари кои работеле во рудник за бакар во округот Мајзокунгар, источно од тибетската престолнина Ласа.

„Спасувачите се‘ уште не пронајдоа ниту еден преживеан и ниту едно тело“, соопштија кинески претставници.

Селаните велат дека земјиштето се лизнало одеднаш, без никакви претходни знаци. Големите земјени маси ги изненадиле работниците веројатно на спиење. Местото на несреќата се наоѓа на 4600 метри надморска височина.

Планинските области на Тибет се наклонети кон свлечишта, а состојбата може дополнително да ја влошат активностите во рудниците.

Во меѓувреме е јавено за друга голема несреќа од североисточниот дел на Кина: 28 работници загинале во експлозија на гас во рудник за јаглен во областа Џиангуан. Причината не е позната. Рудникот припаѓа на државното претпријатие Тонгуа Мајнинг Груп. Повредени се 13 работници.