1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Без мировните напори се‘ е ништо!

Идниот израелски премиер веројатно ќе биде жена - актуелната министерка за надворешни работи, Ципи Ливни на изборите за лидер на партијата Кадима доби најголем број гласови.

default

Ципи Ливни по изборот

Резултатот од изборите, како што се претпоставуваше, беше тесен, но ги потврди прогнозите дека израелската министерка за надворешни работи ќе победи, иако не со десет до дванаесет, туку со само еден процент предност пред нејзиниот најважен конкурент, министерот за сообраќај, Шаул Мофаз. Кажано со конкренти бројки - Ливни доби 431 глас повеќе од Мофаз. Доволно за сега да почне со составување влада, но доволно и за оваа задача да стане потешка и да ja доведе во прашање целaта смена на врвот на израелската влада.

Смена на раководство која не базира врз општи избори Израел се фали дека е единствената вистинска демократија во регионот, и со право. Сега, меѓутоа, вторпат по ред, се прави смена на раководството која не базира врз општи избори. Кога премиерот Ариел Шарон падна во кома, во јануари 2006 година, одговорноста за владата падна во рацете на неговиот заменик, Ехуд Олмерт. Кога

Israel Porträt Ariel Scharon

Ариел Шарон

притисокот врз него, поради наводни афери со корупција растеше се‘ повеќе, беа спроведени избори во партијата Кадима: 74 илјади лица со право на глас требаше да донесат одлука што да се прави натаму во Израел. И, само нешто повеќе од половината, околу 55% се одлучија за ваквото правило.

Доволна причина за социјалдемократската Работничка партија под раководство на министерот за одбрана, Ехуд Барак, само на неколку часа пред објавувањето на резултатите од изборите во Кадима, да повика на одржување национални избори - решение мора да донесе народот! А, народот ќе се определи за патот на Работничката партија.

Уште тоа фали?! Доколку бидат распишани општи избори, тие би се одржале најрано во март наредната година. А, дотогаш, Израел би се занимавал со изборна борба. Состојба во која се‘ друго би било ставено под мраз, пред се‘ ионака не многу успешните напори за регулирање на конфликтот со

Israel Verteidigungsminister Ehud Barak Regierungskrise

Ехуд Барак

Палестинците, кој веќе е доволно спречен со тоа што во месеците до доаѓањето на функција на новиот американски претседател, од Вашингтон не може да се очекува никаков импулс.

И, уште и ова - Работничката партија си прави илузии ако сонува за победа на изборите. Со голема веројатност ќе се случи нешто друго - трупата на Барак ќе остане слаба, партијата Кадима исто така ќе ослабне и трет што ќе искористи ќе биде поранешниот премиер, Бенјамин Нетанјаху, кој со „остатокот на Ликуд“ партијата, кој остана по отцепувањето на партијата Кадима, има добри шанси да се врати на власт.

Да се оди по патот на мирот Што би значело тоа не треба да се истражува многу. Нетанјаху беше тој што го разводни договорот од Осло толку, што тој пропадна. Мировните напори не се се‘ во израелската политика, но без нив се‘ е ништо. Затоа мора да се остане надежта дека Ливни ќе продолжи со преговорите со Палестинците, и тоа успешно. Доколку тоа и‘ успее, тогаш ќе може спокојно да распише општи избори.