1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Без Македонија НАТО е некомплетен

Ден пред јубилејниот самит на НАТО, во германскиот Бундестаг колоквиум за кризниот менаџмент одржа Собранието на Западноевропската Унија, во која учествуваат парламентарци и експерти од Европа.

default

Колоквиумот беше шанса да се слушнат и мислењата дали за НАТО утрешниот јубилеј со две нови членки Хрватска и Албанија, но без Македонија, е навистина успешна приказна?

„Пропуштеното членство не е неуспех само за Македонија, туку и за Европската унија и НАТО. Со германскиот министер за одбрана ја посетив Македонија непосредно пред ланското донесување на одлуката и многу жалам што земјата не го доби членството само поради грчката блокада и покрај тоа што соработката со Грција на економски и енергетски план е всушност добра” - вака ја коментира ситуацијата на Македонија во однос на НАТО, социјалдемократот Герд Хефер, кој е претседавач на германската делегација во Собранието на Западноевропската унија.

Александар Зидшлаг од Центарот за европски безбедносни студии од Виена на прашањето - дали за НАТО е успех што во чекалницата на неодредено време остана Македонија, одговара:

„Зависи од тоа како НАТО се гледа себеси и што сака. Ако стои до сликата што ја има за себе како трансатлантска организација, која се обидува во новото време да ги застапува старите класични вредности на европската цивилизација, човековите и граѓанските права, да ги брани културните вредности, тогаш НАТО без Македонија

Crvenkovski- Gruevski - Scheffer beim Emofang in Ohrid

Македонија и натаму во чекалницата на НАТО

која е лулка на европската култура е нецелосен“, изјави Зидшлаг. Според него, неопходен е и компромис меѓу интересите на различните членки на НАТО. Ако Алијансата стои зад идејата за својот профил за членство на европскиот континент, тогаш таа без Македонија е недовршена.

Принципот на консензус кочи

Решение без согласност на Грција не е возможно зашто во НАТО важи класичниот принцип на консензус. Но, Зидшлаг потсетува на реалноста која во интерес на донесување на одлуките е присутна во некои политички организации.

„За одредени прашања може да олучува и мнозинството. Има организации, на пример ОБСЕ, каде се се применува формулата консензус минус еден. Една држава еден глас, но во одредени значајни ситуации може одлуките да се донесат и со еден глас против. Ваквиот принцип е замислив и во контекст на НАТО.

Надежите по Букурешт дека до 60 годишниот јубилеј на Алијансата ќе се изнајде решение и отворената покана ќе стане и реалност за Македонија, не се оствари. Парламентарецот Јован Манасиевски, кој учествуваше на колоквиумот во Берлин, има ваков коментар:

„Со големо жалење може да констатираме дека Македонија не е поканета ниту во некакво техничко својство или својство на набљудувач на самитот на НАТО и мислам дека тоа нашата влада треба многу да ја замисли затоа што одбивањето на НАТО да бидеме присутни на самитот макар и на таков еден куртоазен начин, мислам дека е јасна политичка порака за движењата во нашата држава.“

Автор: Силвера Падори

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска