1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Без конкретен договор околу „Опел“

Американскиот концерн „Џенерал моторс“ се’ уште не поднесе концепт за санација на „Опел“. Еврокомесарот за индустрија настојува да спречи лицитација меѓу Европејците за субвенциионирање на санацијата на „Опел“.

default

Официјално ниедна од европските земја не сака никаков „натпревар во субвенционирањето“, иако сите - Велика Британија, Шпанија, Полска и Белгија - се подготвени финансиски да го поддржат „Џенерал моторс“. Германската влада во ова гледа проблем и самата досега не понуди никаква помош. Американскиот концерн треба самиот да го изврши санирањето, вели министерот за стопанство Рајнер Бридерле.

Државниот секретар во неговото минстерство Јохен Хоман принципиелно не исклучува сепак и Германија да учествува во спасувањето на „Опел“, но смета дека е прерано за тоа: „Прво, ние се потпираме врз Европската комисија и второ, малку е необично прво да се зборува за финансиски прашања, а дури потоа за плановите за санација. Тоа е извртен редослед на нештата“.

Европскиот комесар за индустрија Гинтер Ферхојген ги повика министрите за стопанство за да спречи трка во субвенционирање. „Не сакаме американско претпријатие во Европа да стави на лицитација работни места“, рече еврокомесарот.

„ЏМ“ ќе ги почитува европските правила

Nick Reilly Europa Chef für Opel Vauxhall

Ник Рајли

Новиот шеф на „Џенерал моторс“ за Европа, Ник Рајли по средбата со министрите уверуваше дека концернот ќе се придржува кон европските парвила за конкурентски натпревар. „Бараме поддршка од секоја влада, која е подготвена за тоа. Но, сакам да нагласам дека нашиот план е веќе готов и врз него не може да влијае влада која би ставила пари на располагање“.

Американскиот концерн сака од Европа да собере до 3,3 милијарди евра за планот за санација на „Опел“, но не објавува подробности за тој план. Дури кон крајот на неделава ќе го стори тоа и прво ќе ги информира вработените во европските фабрики.

По средбата министрите за стопанство искажаа согласност дека во случајот со „Опел“ мора да бидат почитувани европските правила за конкурентски натпревар и државната помош не смее да биде поврзана со гаранции за опстанокот на производните погони во тие земји. Значи ли ова дека е запрена трката во нудење државни субвенции? Одговорот на Јохен Хоман не звучи многу категорично: „Имам впечаток дека сме на пат да го спречиме тоа“.

Автор: Волфганг Ландемесер / Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска