1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Без комисија, со интерпелација за Вељановски

Наместо за формирање Анкетна комисија за инцидентот од минатата недела, македонскиот парламент ќе расправа за интерпелацијата на спикерот на Собранието, Трајко Вељановски, поднесена од СДСМ.

default

На денешната координација кај претседателот на Собранието Трајко Велјановски на која требаше да се разговара за формирање на анкетна комисија, СДСМ достави предлог одлука за разрешување на претседателот на Собранието, по што Велјановски закажа вонредна седница за во сабота (10.07.2010), на која ќе се гласа доверба за првиот спикер на Парламентот.

Трајко Велјановски денеска (08.07.2010) информираше дека СДСМ до него ја доставил предлог одлуката, по што тој ги откажа седниците за денеска и утре, бидејќи како што рече, се работи за легитимитетот на првиот човек на Собранието.

Во врска со собранискиот инцидент, што се случи на први јули, Велјановски информираше дека презел мерки, како: јавно укажување до пратениците и сите надворешни лица на МВР кои беа поврзани со настанот да го почитуваат достоинството и угледот на Собранието; барање и наложување беспоговорно да се почитува интегритетот на пратениците, но истовремено интегритетот на сите лица кои работат во Собранието или на надворешни лица кои имаат службени активности поврзани со Собранието; да се допрецизира и упатство за прецизирање на правилникот за внатрешниот ред; повик до координаторите на пратеничките групи да се обратат пред јавноста и да ги афирмираат вредностите на достоинство и интегритет на институцијата Собрание; формирање на анкетна комисија по терк на веќе формирани анкетни комисии, кои биле изгласани со консензус.

Автор: ЕМФ/миа

Редактор: Симе Недевски