1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Без ексклузивна поддршка за Македонија или Грција

Романија безрезервно ја поддржува Македонија во евроатлантските процеси, истакна денеска романскиот претседател Трајан Басеску, кој е посета на Скопје на покана на шефот на македонската држава Ѓорге Иванов.

default

Трајан Басеску

Во врска со спорот за името романскиот претседател изјави дека Букурешт ексклузивно не ја поддржува ни Македонија, ниту Грција, туку поддржува разумен компромис.

„Романија има одлични односи и со Македонија и со Грција. Не поддржуваме ексклузивно ниту една од двете страни (во спорот со името). Како земја поддржуваме разумен компромис, заедничко решение со кое ќе бидат задоволни двете страни. Ни Грција, ниту Македонија не треба да гледаат и да барат препреки во историското минато“, изјави Басеску. Двете земји, додаде тој, треба да се договорат и заедно да ја градат европската иднина.

Македонскиот претседател Иванов изјави дека поголем дел од средбите со Басеску и со романската делегација поминал во разговори за спорот со името.

„Ме радува фактот што претседателот Басеску ја искажа подготвеноста Романија да биде гласот на Македонија во ЕУ и во НАТО, да ги искажат нашите ставови и позиции и нивните претставници јавно да ги изнесат онаму каде што ние не можеме да учествуваме“, изјави Иванов.

Mazedonien Makedonien Präsident George Ivanov Trajan Basesku Flash

Ѓорѓи Иванов и Трајан Басеску

Изразен оптимизам

Романскиот претседател вели дека со сигурност може да тврди дека Македонија наскоро ќе стане земја-членка на ЕУ и НАТО. Овој оптимизам на Басеску, македонскиот претседател го објаснува со искуството што Романија го има за влез во ЕУ и НАТО.

„Затоа е подготвеноста да помогнат со нивното искуство за да ги пребродиме оние препреки што стојат пред нас во врска со нашиот сосед, кој знаете, се обидува не да води спор со Македонија, туку да го оспори тоа што е Македонија“, изјави Иванов.

Двајцата претседатели се согласни дека добрите македонско-романски односи треба да се интезивираат во делот на економијата.

Денешните разговори, како што рече македонскиот претседател, Иванов биле во насока на продлабочување на добрите и пријателски односи со Романија.

Автор: ЖА/ГЧ/миа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска