1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Без единство нема решение

Арапската лига по вонрдната седница ја осуди палестинската војна. На последниот развоја на ситуацијаа во појасот на Газа вознемирувачи реагираат и граѓаните на улиците на Каиро.

default

Борби во Газа

Со денови прва вест на вестите на арапските телевизиски станицие е Газа, вонредната ситуација во палестинските области, бројот на жртвите и повредените.

“Газа, што е тоа: Газа е на крајот. Има таму муслимани, безбедност? Ништо повеќе.” Но не сите граѓани на Египет се интересираат за тоа што се случува на источната граница на нивната земја, на полусостровот Синаи, далеку од Каиро „Овдека живееме во мир и безбедност. Тоа е проблем кој Фатах и Хамас треба да го решат меѓусебе.“

Пелестинскиот народ мора да знае што сака

Друг граѓанин пак смета „Не станува збор за Хамас, палестинскиот народ мора да знае што сака.” Против кого сме? Мора да се прашаат против Израел и двете групи треба да се обединат против Израел, а не да спорат околу владата. Само заеднички може да го решат палестинскит проблем. Но како што сега се однесуваат тоа нема да се случи.”

Египетската влада го зголеми бројот на граничната полиција на преминот кон појасот Газа, трага по тунели за криумчарење оружје и се обидува да спречи масовно бегство од Газа. Египет стравува дека внатрепалестинскиот проблем би можелл да се пренесе на полуостровот Синаи. Истовремено Египет и натаму се залага за посрдство, веќе со месеци во појасот на Газа се наоѓаат војните тајни служби, а владата постојано води разговори и со двете старани.

Но страв од Хамас, арапските соседи не можат да си дозволат како што појаснува овој човек „Хамас е демократски избран. Никој не ги принуди Паелстинците да гласаат за Хамас. Само на Американците не им се допадна изборниот резултат. Тие ги класификуваат Хамас како терористи.”

Се разбира дополнува младиот човек, дека Хамас требало да одигра попаметно, власта да ја извршува политички без пролевање крв. Ние сме против насилство вели тој.

Сега кога улиците на Газа се помирни време е и за западот да се преориентира на новата реалност „Ако му се пристапи мировно на Хамас, така и ќе реагира. Ако сите го признаат Хамас како партија која формира правна влада, Хамас од ствојата страна ќе ја подаде раката за мир. ”

Во моменото околу три и пол милиони Палестинци во појасот на Газа и на Западниот брег имаат две влади и ниту една држава. На една влада и се префрлува дека била корумпирана, другата важи за екстримистичка, меѓусебно не се признаваат, а огорчените борби меѓу двете страни во секој момент може да се разгорат. На крајот губитник е само една страна: населението.