1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Без договор на Србите и косовските Албанци на средбата во Виена

Експерти од Белград, Приштина и меѓународната заедница разговараа за трите предлози за децентрализацијата на власта на Косово.

Виена не донесе почеток на српско-косовскоалбански дијалог

Виена не донесе почеток на српско-косовскоалбански дијалог

Директорот на секторот за локална власт во Министерството за јавни служби на Косово Хисни Бајрами нагласи дека тамошните власти го имаат косовскиот и планот на УНМИК што ќе ги спроведат.“Овде сме само затоа што меѓународната заедница инсистира да го сослушаме и Белград”, рече тој истакнувајќи дека нема никаков дијалог, туку само е водена дебата. Тоа го потврди и Милорад Тодоровиќ, коминистер за раселени лица во косовската влада.

Разговорите, како што им беше речено на новинарите, поминале во отворена атмосфера и на рамноправна основа. Бранко Радујко, советник на српскиот претседател Борис Тадиќ, пренесе за што се залагала српската страна: “Она што го очекува српската страна и што и’ треба на српската заедница, е една вистинска самоуправа во рамките на Косово и Метохија, со сериозни надлежности над локалната полиција, правосудството, образованието, здравствената заштита и сето она што го сочинува пакетот на модерна самноуправа во Европа”.

Слободан Самарџиќ, советник на српскиот премиер Воислав Коштуница, нагласи: “Објаснивме дека српското изборно тело во сегашнава ситуација е целосно обесхрабрено да излезе на избори со оглед на лошото искуство што го има со привремениите институции и со оглед на севкупно лошото животно искуство на Србите на Косово и Метохија. Ако Србите треба да учествуваат на изборите, ним треба да им се дадат одредени јасни гаранции дека нивниот живот на Косово ќе биде посебно и дополнително заштитен. За тоа се разговараше денеска, но не е постигнат никаков конечен резултат. Во наредниве денови уште ќе се разговара и размислува на оваа тема. Се надеваме дека претставниците на меѓународната заедница пореалистички отколку досега ќе гледаат на оваа ситуација и ќе го намалат притисокот врз Белград и косовските Срби да излезат на избори и за тоа ќе им препуштат самите да решат" – рече Самарџиќ.

Според Хисни Бајрами, косовската страна не го прифаќа белградскиот план за децентрализација, оти е јасно дека тој предвидува поделба на Косово.

Поврзана содржина