1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Без договор како да се стави крај на судирот

Меѓународните преставници на конференцијата за Либан во Рим, не постигнаа единство за начинот на кој треба да се постигне мирот и распоредувањето на мировните сили за кои ќе расправа советот за безбедност. На конференцијата немаше преставници на Израел и Хезболах, како и Сирија и Иран

Франк Валтер Штајнамер и Филип Дуст Блази

Франк Валтер Штајнамер и Филип Дуст Блази

„Задоволен сум бидејќи со конференцијата во Рим владееше шок нешто како политичка парализа која очигледно се случи по ескалација на насислствата во Либан„

Штајнамер воопшто не се обиде да го велича постигнатото на конференцијата. Првите чекори се направени, првите одлуки се тука. Недостасува само уште нивно конкретно спроведување кое мора итно да се направи.

Покрај барањето за итен прекин на огнот, остана нејасно кои се условите кои треба да ги исполнат двете страни и воопшто кои се најважни одлуки од собирот

Нашата работа мора да продолжи во насока на подобрување на хуманитарната состојба. Паралелно со тоа мораме да размсилиме како меѓународната заедница може да му помогне на Либан, со оглед на уништената инфраструктура. Дискусијата за тоа дали меѓународните мировни сили можат да создадат безбедност на границата беше водена добро и суштински„ рече Штајнамер

Кондолиза Рајс повеќепати нагласи на соодговорноста на Сирија и Иран како сили кои стојат зад Хезболах.

„Сите сме согласни дека сакаме итен прекин на насилството кое мора да биде одржливо„ рече Рајс

Либанскиот премиер Фуад Синиора ја нагласи потребата од итен прекин на огнот

„ Колку повеќе го одложуваме прекинот на огнот, повеќе ќе бидеме сведоци на убиства, уништувања и агресија врз цивилите во Либан. Ова е работа во која треба да учествуваме заедно со поддршна на ОН„

Дали работата за разоружување на милициите треба да ја преземат меѓународните мировни сили ќе се покаже откако советот за безбедност ќе ја изгласа одлуката за мировни сили. Извесно и јасно е дека силите на ОН неможат да го постигнат она што со децении не и успеа на израелската армија. Сепак меѓународните сили би можеле да ги раздвојат страните во судирот. Тоа е основа на политичката рамка во регионот.