1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Без договор за Иран

Дипломатиите на петте постојани членки на Советот за безбедност и Германија не постигнаа согласност околу предлог резолуцијата за санкции кон Иран заради неговата нуклеарна програма.

Филип Дуст-Блази, француски министер за надворешни работи

Филип Дуст-Блази, француски министер за надворешни работи

По разговорите во Париз, францускиот министер за надворешни работи, Филип Дуст-Блази, во соопштение наведе дека бил постигнат напредок и дека сите инволвирани страни се согласиле за донесување ефективна резолуција. Дипломати во Париз велат дека Москва се противи на широки санкции против Иран. Велика Британија, Кина, Русија, Франција, САД и Германија реагираат на игнорантскиот однос на владата во Техеран, кој не го почитува барањето на ОН за запирање на збогатување на ураниумот, процес кој според западот може да биде употребен за производство на нуклеарно оружје. Иран тврди дека програмата е за цивилни потреби.