1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Без договор за името, тешко датум за преговори

Спроти министерскиот совет на ЕУ, на кој ќе се расправа и за проширувањето, Жан Аселборн предупредува дека запирањето на процесот за проширување на ЕУ би била „тешка политичка грешка“.

default

Првиот дипломат на Луксембург, Жан Аселборн

Луксембуршкиот вице-премиер и министер за надворешни работи Жан Аселборн потврдува дека на следниот министерски состанок ќе се води дебата за проширувањето на Европската Унија.

Запрашан дали Македонија може да добие датум за преговори во декември, тој одговори:

„Знам дека Македонија има статут на земја кандидат од 2005 година, тоа беше под нашето претседателство, но за сега не можам да давам изјави ниту за една земја. Ќе имаме дебата за проширувањето и нема да ги разгледаме земјите во блок, туку тоа ќе биде поединечно.“

Аселборн додава дека се надева оти Македонија и Грција еден ден ќе успеат да најдат решение за проблемот со името.

EU Außenministertreffen in Brüssel

Дел од ЕУ министрите во дебата: Аселборн (лево), Ванакере (средина) и Хименез (десно)

„Тоа многу ќе ни ја олесни работата. Без тој договор, кој што треба да биде изработен на ниво на ООН, според мене ќе биде многу тешко.“

Треба да се задржи насоката на проширување

На прашањето, која е позицијата на Луксембург во однос на проширувањето, односно дали актуелната криза може да се одрази на овај процес, шефот на луксембуршката дипломатија е категоричен: „Не, не верувам. Европската Унија од секогаш има зачувано една извесна динамика во проширувањето. Таа треба да биде задржана, па дури и во време на криза.“

Во моментов е најважно да се стабилизара еврото, тоа е јасно, вели Аселборн. „Но, во поглед на Турција и во однос на Балканот, пред се’ треба да биде задржана насоката на она што го имаме направено и она што имаме одлучено да го направиме пред неколку години, односно, проширувањето. Со Хрватска ќе видиме дека тоа ќе биде успешно. И мислам дека ќе биде тешка политичка грешка, ако се запре процесот и динамиката на проширување на ЕУ“, завршува министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Горан Чутаноски

DW.COM

Поврзана содржина