1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Без влакна на јазикот

Буџетската ситуација за големата коалиција во Берлин воопшто не е розова. За идната година дури се предвидува буџет спротивен на уставот, зашто новите долгови ќе бидат поголеми од инвестициите. Голем товар за министерот за финансии, социјалдемократот Пер Штајнбрик:

Новиот „шеф на дражавната каса„ Штајнбрик и стариот Ајхел

Новиот „шеф на дражавната каса„ Штајнбрик и стариот Ајхел

Можно е на Пер Штајнбрик на новата функција добро да му дојде неговата јасност, па дури и студенило во изразувањето, зашто во секој случај 58-годишниот не се воздржува да си го каже мислењето. Сака искреност и точно знае дека за многу кусо време ќе стане „главниот виновник на нацијата„. Зашто Германија мора да штеди што ќе го почуствуваат сите граѓани. Ќе бидат кратени субвенции, ќе се покачуваат даноци. Министерската фотелја не е баш пријатно место за седење, вели Штајнбрик. Меѓутоа никогаш не пропушта да укаже дека во наредните години ќе мора само да се штеди:

„Мораме да штедиме на сите позиции за повторно да освоиме простор за дејствување. Но, сакаме да дадеме и импулси. Ако прецизно се чита коалициониот договор без да се реагира со возбуда, ќе се види дека внатре има многу нешта, на пример поддршка на семејствата или науката и образованието, или во санирањето згради, импулси за стопанството. Би можел да продолжам. Значи станува збор за две работи: буџетски ризици од кои мора да излеземе, и второ, за импулси за пораст на економијата„.

Големата коалиција доби жестоки критики, пред се од стопанството, за планираното зголемување на данокот на додадена вредност од сегашните 16 на 19 насто од 1 јануари 2007-та. Пер Штајнбрик не само што ги отфрла таквите критики, туку на некои претставници на стопанството им префрла дека на политиката само и нудат добри совети, а истовремено намалувата илјадници работни места:

„На оние што ми велат дека не смеам да го зголемам данокот на додадена вредност со добри причини, тогаш прифаќам, но мораат да ми кажат дали смеам да ги напуштам социјалните системи? Треба ли на пензионерите да им кажам: ќе ги скусуваме пензиите? Дали треба да ги заборавам високоинвестираните подрачја како науката и развојот, инвестиците за сообраќајот? Да ги намалиме ли меѓународните обврски на нашиот Бундесвер? Тие значи, треба да ми кажат каде да штедам и тоа во двоцифрен износ од милијарди. Критичарите на данокот на додадена вредност останаа досега должни одговор на овие прашања„.

Штајнбрик укажува и на тоа дека во коалициониот договор е запишана и голема даночна реформа за фирмите од 1 јануари 2008 година. За тоа малку некој зборува. За многу други прашања ќе мора да се прават компромиси што е дел на демократијата, вели Штајнбрик, при што му е важно да не се загуби социјалдемократскиот профил.