1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Без визи во Европа

Со огномет и концерт на плоштадот во Скопје граѓаните на Македонија го дочекуваат стапувањето во сила на визната либерализација.

default

Од 19 декември без визи

Македонија ги одбројува часовите минутите секундите до големиот момент. Точно на полноќ со голем огномет ќе биде означен падот на Шенгенскиот ѕид за македонските граѓани. На главниот градски плоштад во Скопје е поставен голем часовник на кој се ситни времето што ја донесува визната слобода. Ќе запает најпознатите домашни, а ќе настапат и ѕвезди од странство. „Нормално дека еден ваков празник на Европа ќе придонесе за масовност на плоштадот. Ќе има пијалоци, забава, храна. Освен Здравко Чолиќ и Фет Бој Слим ќе настапат и 14 македонски ѕвезди“, објаснува за Дојче веле Мирче Чашуле од Литиум рекордс, продукциска куќа што го организира настанот за кој ќе бидат потрошени неколку стотици илјади евра.

Граѓаните го очекуваат безвизниот режим

Граѓаните се фотографираат со часовникот што одбројува. „Ова е голем настан. Луѓево заслужуваат промена. Добро е што викнале такви ѕвезди да не забавуваат. Ќе ни се отвори видикот, бевме затворени како во кафез.“

Skopje Zentrum

Скопје

„Малку врнежливо, добро ќе биде ако падне снег. Се надевам дека од следната година ние ќе ги посетуваме големите ѕвезди во нивните земји, а не тие да доаѓаат на концерти кај нас.“

„Добро е да има забава, но требаше да има само домашни изведувачи, не треба да се трошат толку пари во оваа рецисија“, велат граѓаните.

Еднодневно патување во Париз

Освен со забава на плоштадот овој ден што граѓаните веќе го прогласија за историски ќе биде прославен со еднодневно патување во Париз на трошок на државата. Владата реши да чести ексурзија во француската метропола. 100 патници се избрани на голема лотарија што ја организираше секторот за евроинтеграции. За место во авионот се пријавија илјадници граѓани кои имаат нови биометриски пасоши. Среќата да се види Париз ја делеа министрите за внатрешни работи и за евроинтеграции Јанкуловска и Наумовски.

„Токму оваа генерација е првата што ќе ја почуствува слободата на движење. Им посакувам на граѓаните паметно да го искористат визното ослободување пред се’ за размена и комуникација со нашите европски пријатели,“ изјави Јанкуловска.

Infografik Die Staaten des Schengener Abkommens

Шенгенскиот простор

Македонците од 19.12.2009 можат слободно да патуваат во 25 од 27 земји - членки на Унијата, со исклучок на Велика Британија и Ирска. Укинувањето на визите се однесува и на Грција, Бугарија, Романија, Норвешка, Швајцарија и Исланд.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Александра Трајковска