1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Безредија и улични битки во тибетскиот главен град Ласа

Претстојната олимпијада во Пекинг - шанса да се сврти вниманието на светската јавност и врз проблемот со Тибет? Ултиматум за демонстрантите за да се предадат до в понеделник

default

Поворката демонстранти во Ласа

Во Ласа е мирно, откако беше заведен полициски час. По тешките безредија, во кои демонстрантите фрлаа молотови коктели и палеа продавници и полициски возила, затворени се ресторантите и продавниците. Според официјалната кинеска агенција Хсинхуа, има десет загинати и повеќе повредени лица. За американското Радио Слободна Азија еден сведок изјави дека Тибеќаните не сакале да бидат носени во кинески болници од страв од репресалии: „Тие инсистираат да бидат носени во сопствени клиники, оти знаат како беа угнетувани не само луѓето што протестираа, туку и нивните семејства. Кинеските безбедносни сили и тибетските колаборационисти ги снимаа настаните и секој што е снимен, подоцна ќе биде жртва на кинески репресалии“.
Полицијата воздржана Полицијата испалила предупредувачки истрели и употребила солзавец, но го следела упатството да не ги разбива насилно демонстрациите, речено е од кинеска страна. Ова е потврдено и од експерти, кои сметаат дека полицијата била воздржана за да не биде загрозена претстојната олимпијада. Шефот на автономната провинција Тибет го обвини религиозниот водач Далај Лама дека од бегалство ги подбуцнува безредијата. Во Тибет постојано има судири со кинеската полиција, но овој пат, кратко пред олимпијадата, тие добија поинаква димензија. Кинеската влада, во врска со олимпијадата, вети слобода на печатот и почитување на човековите права, но ситуацијата е далеку од тоа.