1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Безредија во Хаити

Порт-о-Пренс

Порт-о-Пренс

Непознати напаѓачи, за кои се претпоставува дека се приврзаници на поранешниот претседател на Хаити, Жан Бертран Аристид, пукаа во маса народ на улиците на Порт-о-Пренс и убија најмалку шест лица. Повредени се дваесетина луѓе. Насобраната толпа луѓе го славела падот на Аристид пред претседателската палата. Во инцидентот е убиен и новинарот на телевизијата Антена 3, Шпанецот Рикардо Ортега. Досега нема ниту едне уапсен. Очевидци трвдат дека полицијата веднаш по првите истрели се повлекла од местото на настанот. Шефот на полицијата, Леонс Чарлс, по инцидентот говореше за масакр. Лидерот на опозицијата, Чарлс Бејкер, политичката одговорност за инцидентот му ја префрли на сеуште актуелниот премиер, Ивон Нептун. Премиерот,пак, најави:

"Дадов инструкции до националната полиција да преземе се што е потребно за да се пронајдат и фатат убијците, на кој било политички камп и да му припаѓаат, тие да бидат затворени и изведени пред лицето на правдата.”