1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Безвизен режим меѓу Македонија и Албанија

Во Тирана потпишан договор за безвизен режим меѓу Македонија и Албанија. Премиерите на двете земји разговараа и за заеднички проекти, што ќе бидат од помош на патот кон ЕУ.

default

Груевски и Бериша во Тирана

Македонија и Албанија го официјализираа безвизниот режим. Државјаните на двете земји од први март ќе може да патуваат и престојуваат во другата земја до 90 дена во рок од три месеци. Додека луѓето од пограничните региони, кои живеат во просторот до 20 километри од границата, ќе ја минуваат со лични карти. Спогодбата што ја потпишаа шефовите на македонската и албанската дипломатија, Антонио Милошоски и Љуљзим Баша според нив претставува чекор напред кон приближувањата до ЕУ кон што се стремат и двете земји. Веднаш по потпишувањето спогодбата ја поздравија ипремиерите на двете земји Никола Груевски и Сали Бериша. На средбата Бериша Груевски посебно внимание било посветено на реализиаицјата на значајни проекти кои многу побрзо ќе ги одведат двете земји во ЕУ. На прес конференцијата, албанските новинари најмногу се интересираа околу ставот на Македонија кон Косово на што премиерот Груевски посочи дека Република Македонија мошне внимателно го следи процесот, имајќи ги во предвид сите карактеристики што ги има државата како сосед и на Косово и на Србија, рече македонскиот премиер. Спроед него Македонија ќе постапи во согласност со државните интереси, соработката и комуникацијата со партнерите од НАТО и ЕУ.