1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Безвизен режим меѓу Албанија и Македонија

Спогодбата за укинување на визниот режим меѓу Македонија и Албанија почна да се применува. Граѓаните од двете страни на границата се задовлни. Чекорот позитивно го оценуваат и градоначалниците на Дебар и Пешкопеа.

default

Дебар

На граѓаните на двете земји повеќе не им се потребни визи за да влезат на територијата на едната или другата земја, на што, како што самите велат чекале со децении. Тоа сметаат требало да се стори многу порано. Но, како и да е и македонските и албанските граѓани задоволни од овој чекор на владите на двете земји, зашто за позитивни работи никогаш не е доцна. Оптимисти се дека ќе се придонесе за поголем протек на луѓе и стока, развој на трговијата и економијата во целина.

Изгледи за подобрување на економската ситуација

Поинтензивна соработка најауваат и градоначалниците на Дебар и Пешкопеа, Аргетим Фида и Илир Кроси. За она за што се залагавме интензивно конечно и се реализира, едногласни се тие. Јавна тајна е вели Фида дека и до сега околу 60 отсто од трговијата, угостителството и туризмот во Дебар живееа од прометот и услугите кои ги прават албанските граѓани. Поради побогатата понуда и пониските цени кај нас, но пред се близината очекуваме годишно да се оствари промет од 50 до 70 милиони евра, што би значело од 8 до 10 милиони евра да се слеат во државниот буџет на Република Македонија на име ДДВ, додава Фида.

Според него тоа би значело од 100 до 200 нови вработувања во Дебар, отворање еден до два нови трговски центри, нови ресторани и зголемување на хотелските капацитети. Тоа би било една од можностите нашите од дијаспората да вложуваат тука, а некои и да се вратат во родниот крај со нова перспектива.

Изградбата на атопатот Руга е Арбрит отвара нови можности

Градоначалникот на Пешкопеја Илир Кроси е задоволен и од досегашната соработка, но сега протекот на луѓе и стока ќе биде многу поголем. Од овој момент соработката ќе биде многу поплодна во секој поглед вели Кроси. Според него со изградбата на атопатот Руга е Арбрит, која е во тек, а со што патот Дебар-Тирана се скусува за осумдесеттина километри, целиот овој регион ќе се прероди од еконсмки апсект.

Спогодбата беше потпишана на 19 февруари од страна на шефовите на дипломатиите на двете земји, Антонио Милошовски и Љуљзим Баша, зе време на претојот на премиерот Никола Груевски во Тирана. Албанскиот парламент неа ја ратификува во април, а македонскиот во август.