1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Безбедноста се крои во Минхен

Од денеска (04.02) до 6. февруари во Минхен се одржува 47-та безбедносна конференција, неформална средба на премиери, министри, парламентарци и стручњаци од областа на безбедноста, за која годинава има огромен интерес.

default

Хотелот Бајеришер хоф - место на одржување на конференцијата

Конференцијата во Минхен се смета за најважната безбедносно -политичка конференција во Германија, во Европа и можеби и во светот. Овде се собираат првите луѓе од меѓународната безбедносна политика на неформална размена на мислења. Три дена ќе се дискутира многу, но нема да бидат донесени никакви одлуки. Токму тоа, според раководителот на организацијата на конференцијата, Волфганг Ишингер, е шармот на овој собир:

„Убавото во оваа конференција, е што го

Leiter der Münchner Sicherheitskonferenz Wolfgang Ischinger

Волфганг Ишингер

инвестираме нашето време во барање решенија, можеби да дадеме важни импулси и не мора да усвоиме никакво коминике. Тоа не е потребно во Минхен. Се соочуваме со ситуациите и можеме да се расправаме до три часот наутро.“

Можноста за спонтани средби и‘ дава посебен белег на конференцијата, која впрочем од противниците и демонстрантите е критикувана како средба на поттикнувачи на војна. Оттука и потребата за големо обезбедување на учесниците на конференцијата.

На дневен ред нови и стари теми

Содржински, годинава на дневениот ред во последен момент е допишана темата: промените во арапскиот свет. Освен на оваа тема, ќе се дебатира и за сајбер-војната, како може да се заштитат критичните инфраструктури, како и за трансатлантските односи и односите меѓу НАТО и Русија. И годинава гостин во Минхен е авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, со кого ќе се разговара за повлекувањето на странските војници во текот на 2011. Кристијан Шмит, државен секретар во министерството за одбрана: „Се надевам дека полека влегуваме во време пост-Авганистан, исто и на Минхенската конференција.“

Symbolbild - Clinton und Lawrow

Клинтон и Лавров

Тоа е од интерес и на големата американска делегација предводена од шефот на дипломатијата. Хилари Клинтон на маргините на конференцијата ќе учествува на средба на блискоисточниот квартет и со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе ги разменат ратификуваните договори за стапување на сила на новиот СТАРТ-договор. Руската страна, пак, е заинтересирана за темата ракетна одбрна. Во Минхен претставниците од Москва уште еднаш јасно ќе стават до знаење дека се против еднострани чекор на САД и НАТО. Рускиот амбасадор во Берлин Владимир Гринин истакнува:

„Тоа сакаме да го одбегнеме. Затоа постои оваа конференција, за темелно да се дискутираат сите овие прашања и да си погледеме едни на други во очи!“

Автор: Нина Веркхојзер / Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска