1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Безбедноста сеуште е тема

Претседателот Бранко Црвенковски предупредува за безбедноста и внимателно следење на настаните во Танушевци

default

Полицијата во неделата утрото го врати во затвор терористот Џемаил Исени,односно Џејми Шеј.Неговото бегство од Идризово, како и недокажаните престрелки на екс пратеникот Џезаир Хоџа со наводните специјалци во село Танушевци беа повод за жестока дебата во Македонија на тема безбедност во земјата,со оглед што селото Танушевци е поврзано со почетокот на воениот конфликт во Македонија во 2001 година.

Претседателот Црвенковски излезе со оценка:

„Мојата препорака пред се до надлежните институции,тука најмногу мислам на Министерството за внатрешни работи е да се фокусира на соодветен начи,не кажувам кој е тој соодветен начин,тие сами треба да го утврдат тоа на стручен начин,меѓутоа да обезбедат спроведување на уставот,законите на цела територија на Република Македонија,во секое населено место,на секоја педа од нашата земја и ваквите проблеми треба да се решаваат во зачеток,пред да добијат некоја поголема димензија.Тоа не учи искуството и на крај на краиштата врз основа на тоа искуство не смееме да дозволиме да повториме некои грешки од минатото“,изјави претседателот Црвенковски.

Значи,тој со доза на внимателност ги оценува безбедносните закани во сенка на решавањето на косовскиот статус и можни компликации.

Многу пожестоки претходно беа пратениците од СДСМ во Парламентот,особено по најавите за некакви турбуленции во Танушевци, кое место е синоним за историја на конфликти што би можеле да се повторат во контекст на косовската разврска.Пратеникот Игор Ивановски од СДСМ:

“Имаме ситуација каде еден поранешен пратеник,поранешен командант , се одважува заканувајќи се дека ќе организира одбрана на едно село,многу познато,Танушевци,дека македонската полиција не може да влезе таму,а ако влезе ќе се соочи со голем и жесток одговор.“

Во дуелот меѓу пратениците и владата премиерот Груевски тогаш рече:

„Во вашето прашање за жал се чувствува многу повеќе желба за создавање атмосфера на криза,отколку за стабилност на земјата,не знам од каде ви доаѓа таа желба толку многу.“

Инаку.по средбата на националниот Совет за безбедност пред десетина дена,посветена на Косово,официјалните оценки на македонскиот државно владин врв беа дека нема безбедносни закани за Македонија.