1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Безбедноста е од заеднички интерес“

Централна тема на вториот, завршен ден на средбата на министрите за надворешни работи на НАТО во Берлин е соработката меѓу Северноатланската алијанса и Русија. Меѓутоа, не изостанува ниту конфликтот во Либија.

default

На вториот ден на самитот на НАТО во Берлин, министрите за надворешни работи на земјите членки на Северноатланската алијанса се сретнаа со колегите од Украина, Грузија и Русија. Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, на почетокот на разговорите со неговиот руски колега Сергеј Лавров подвлече дека безебдноста е од заеднички интерес. Централна тема на разговорите на советот НАТО - Русија имено е надградбата на ракетниот штит во Европа. Американската државна секретарка Хилари Клинтон ја потврди заложбата за долгорочна соработка, „врз основа на рамномерно партнерство“ меѓу НАТО и Русија. Притоа, предвидено е да бидат формирани две бази, едната за размена на податоци, а втората за планирање и координација на операциите.

Treffen der Nato-Außenminister Berlin

НАТО и ЕУ на заедничка маса поради Либија

Домаќинот, германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле, исто така ги поздрави разговорите на НАТО со Русија како придонес за „безбедноста и стабилноста“ во светот. „Се испраќа посебен сигнал, со тоа што НАТО конечно води интензивни и концентрирани разговори со Русија“, смета Вестервеле.

Либија повторно на дневен ред

Инаку, конфликтот во Либија ќе ги седне на заедничка маса НАТО и Европската унија. Со заемни сили овие две организации имаат намера да го зголемат притисокот врз либискиот властодржец, Моамер ел Гадафи. За таа цел амбасадорите на вкупно 34 земји наскоро треба да одржат средба во Брисел.

Министрите за надворешни работи на НАТО вчера дебатираа за ситуацијата во Либија, при што на Гадафи му поставија јасни услови за завршување на меѓународната воена операција: да запрат нападите врз цивилите, повлекување на неговите војници во касарните и непречен пристап на населението до хуманитарната помош.

Автор: АТ/ ЕМФ/ дпа/ афп

Редактор: Трајче Тосев