1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Безбедноста во водниот сообраќај приоритет

Горан Устијаноски,капетан на бродот „Галеб“ е новиот капетан на Капетанијата во Охрид. Ја има поддршката од фелата,а приоритет му се средувањето на хаосот во водниот сообраќај и исправноста на пловилата.

Многу работа го чека новиот капетан на македонските водени пристаништа,ако се знае дека неколку месеци столчето беше празно. Новиот бран на владејачката ВМРО ДПМНЕ го „однесе“ дотогашниот капетан на Капетанијата во чие време се случија несреќата со бродот „Илинден “ и неколку други немили настани. Капетанијата постои да ги следи и спроведува законите. Нешто за што нема копромис и пазарење , всушност е безбедноста. Тука ќе сме строги и ригорозни и ќе се држиме до законите, најавува Устијаноски: „За техничката исправност на пловните објекти нема гледање низ прсти, никакви попусти. Бродот, чамецот или глисерот мора да биде технички исправен за да не предизвика последици по човечки. Правилата на движење на пловните објекти ќе мора да бидат почитувани посебно до капалишта.“ Ниту забраната за движење на скутерите во главната сезона годиниве наназад не помогна многу. Пак имаше незгоди , дури и со фатален крај. Само во јули и август годинава капетанијата казнила 23 лица кои направиле прекршок. Казните не се ниски од 100 до 500 евра. „Има случаи кога скутерите на плажа се издаваат на луѓе, туристи кои се со помало искуство во пловење, со помало знаење , па макар и да имаат и уверение за положен испит за управување чамец и слично. Само да нема црни дамки и случаи кои ќе ни ја пропаднат сезоната и ќе ни остават лоши спомени“, вели Устијаноски.

Козметика или суштински промени во внатрешната пловидба?

Со измените на законот за внатрешна пловидба кои се најдоа и пред пратениците, македонската регулатива се усогласува со европската. Опфатено е концесионирњето, сопствениците на пловни објекти ќе треба да не се кривично гонети и казнувани, за повеќе од шест месеци да бидат платени сите обврски кон државата за да можат лицата кои поседуваат пловни објекти и кои ги управуваат да поседуваат углед, и одговорно да ја извршуваат работата. Капетанот најавува реконструкција на охридското пристаниште, но чистење на сите останати на природните и вештачки езера во Македонија: „ Сметам дека

Goran Ustijanovski Kapitän in Mazedonien

Горан Устијаноски

проектот треба да се надополни со споменуваниот крак кој што би го дооформил охридското пристаниште и би направил од него една идеална средина за чување на пловни објекти. Тоа во некоја иднина би требало да се оствари. Ценам дека до Нова година ќе го спроведиме чистењето на пристаништата.Тие не се материја кои денеска сте ги ископале и во следните 30 години се чисти, туку повторно се насипуваат и на барем четири до пет години треба повторно да се чистат.“

Две марини и хидро – аеродром во Охрид!?

По централната и локалната власт најави изградба на марина во месноста „Грашница“ и изградба на канал за извлекување на бродовите на суво, како еден од условите за утврдување на нивната исправност. Устијаноски, смета дека најидеално и најекономично засега би било за оваа намена да се користи просторот во Радожда со кој раководи Министерството за одбрана. Деновиве силно одекна и меѓународниот повик на македонската Влада до компаниите за изградба на аеродром на вода во Охрид.

„Деталите коишто се однесуваат на големината, обемот и капацитетот ќе бидат утврдени со студии и анализи, откако ќе помине овој период на изразување на учество“,изјави Драган Симоноски, портпарол на Министерството за транспорт и врски. На ова силно се спротистави градоначалникт на Охрид Александар Петрески кој најави итна седница на Советот на општина нарекувајќи ја идејата непромислена и спротивна на заложбите за заштита на Езерото. Два мандати централната власт го обвинува токму него и неговата администрација за загрозување на членството на Охрид и Езерото и бришење од листата на УНЕСКО.