1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бегство во Германија

Пет илјади бегалци од Сирија, кои се во либиските бегалски кампови, треба да бидат со авион пренесени во Германија. Но илјадници луѓе немаат таква среќа - тие бегаат сами, а во Германија се соочуваат со нови проблеми.

Двособен стан со црна кожена софа во дневната соба, пожолтени шкафови во кујната, „Хело кити“-постелнина во спалната соба - мебелот не укажува на тоа дека во овој стан од 60 квадратни метри живеат шест лица од Сирија. Станот се наоѓа во малото гратче Зинциг и е нов дом за две семејства од сириската милионска метропола Алепо.

Триесет и тригодишната Далал Абдулкадер избегала со своите две ќери од Сирија пред една година. Пред два месеца во Германија успеала да стигне и снаа ѝ Ѓулистан Ајо со двата сина.

Syrische Flüchtlinge in Deutschland

Далал Абдулкадер е една година во Германија

Денеска имаат посета. Тука се мајката на Далал, сестра ѝ и чичко ѝ. Има доволно храна и пијалоци - прво арапско кафе од мали филџани, потоа сладок црн чај, сутлијач со цимет и ореви и на крајот доаѓа ручекот - шпагети со сос од домати. „Германското јадење не е нешто особено“, вели 11-годишната ќерка на Далал, Лидија. Но таа сепак особено ги сака шпагетите и помфритот.

Во бегство

За разлика од петте илјади сириски бегалци кои во Германија доаѓаат со авион од либиските кампови за бегалци, Ѓулистан и Далал сосема сами избегале од Сирија. Германија е целта затоа што тука веќе неколку години живеат нивни роднини.

Syrische Flüchtlinge in Deutschland

Спалната соба на Далал

Далал е модерна арапска жена. Таа носи тесни фармерки и чизми, пуштена коса, розев кармин. Своето пристигнување во Германија нема да го заборави така брзо. Мајката на две деца веќе изгубила надеж, зашто на патот од Турција кон Грција таа и децата четири дена талкале низ шума без храна и вода. „Во чантата имав камера и правев видео снимки“, раскажува таа. „Сакав да оставам траги за роднините да знаат дека сум во шумата.“

Кога конечно стигнале во Грција купила фалсификуван пасош, а подоцна од Рим со воз стигнала во Минхен. Таму ја чекале братучед ѝ и чичко ѝ... и полицијата. Со ќерките минала над 12 часа во ќелија. Полицаецот не ѝ дозволувал на ќерка ѝ да отиде во тоалет, вели таа. „Му реков дека ме потсетува на тајната служба во Сирија“, вели Далал насмевнувајќи се.

Прво затвор, па бегалски камп

Далал морала да оди во бегалскиот камп во Трир. Таму има место за околу 700 бегалци, кои максимално може да останат во кампот три месеци. Потоа се распределуваат по општини. Општините одлучуваат каде и како ќе бидат сместени бегалците. По неколку недели во Трир Далал добила дозвола да се префрли кај сестра ѝ Фатима Штер во Арвајлер. Фатима стигнала во Германија пред 20 години, а работи во слаткарница во Бон.

Syrische Flüchtlinge in Deutschland

Фатима Штер се грижи за фамилијата

Снаата на Далал и на Фатима, Ѓулистан, во Германија е од јули оваа година. И таа со синовите прво била сместена во прифатниот камп за бегалци во Трир. „Бев среќна што сум во бегалски дом, на безбедно“, раскажува 26-годишната Ѓулистан. „Меѓутоа, имав проблеми со бременоста и ги замолив да ми дадат соба на првиот, наместо на третиот кат, за да не морам да одам нагоре-надолу. За тоа немаа слух.“

Далал и Ѓулистан се среќни што се во Германија, но посакуваат повеќе слобода. „Во нашата татковина можевме да работиме слободно“, објаснува Далал. Таа смее да се движи низ цела Германија, но да работи смее само во покраината Рајнланд Пфалц. Тоа за нејзе претставува голема промена во споредба со татковината, каде имала голем салон за убавина. Би сакала да работи во Бон или Келн, кои не се далеку од Зинциг. Бремената Ѓулистан не смее да излезе од Рајнланд Пфалц. Таа има доставено барање за азил и чека да биде сослушана.

Нов почеток

Syrische Flüchtlinge in Deutschland

На Лидија ѝ недостига другарка ѝ од Сирија

За луѓето кои морале да избегаат од Сирија роднините во Германија се од голема помош. Термин кај институциите надлежни за прашања за странци или посета на лекар - тешко дека што било од тоа е можно без некој кој може да преведува. Фатима Штер радо ѝ дава поддршка на фамилијата. Таа ги вози до железничка станица за да одат на курс за интеграција, води телефонски разговори во нивно име и ги придружува во барањето стан. Во моментов бара стан за сестра ѝ Далал, но тоа е тешко, зашто многу луѓе не издаваат станови на бегалци. За да не добива псотојано негативен одговор, Фатима не ја кажува веќе целата вистина: „Секогаш велам дека Далал е козметичарка и дека се преквалификува во моментов.“

Ќерките на Далал воопшто не сакаат да го напуштат малиот стан. „Ја сакам оваа зграда“, вели 11-годишната Лидија. Нејзината постара сестра Сидера дополнува: „Плачев, зашто овде имаме пријатели.“ „Нашите пријатели исто така плачеа, затоа што ќе си одиме. Тие сакаат да останеме.“

Децата на Далал брзо се привикнаа на Германија. Сепак, на Лидија ѝ недостига најдобрата другарка од Сирија. Лидија слушнала дека таа сега е во Канада.